Connect with us

Василево

Општина Василево започна со изградба на парк во Чанаклија

Avatar

Published

на

Денеска во населеното место Чанаклија, општина Василево започна со изградба на парк, во соработка  со Мрежата за рурален развој на Република Македонија, со партнерите ЛАГ Беласица – Огражден, ЈПКД „Турија“, Василево  и Гарден центар Ристови, .

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов направи увид во стартот на активностите на терен, каде ЈПКД „Турија, со механизација вршеше расчистување и подготовка на теренот како почетна фаза во изградбата на игралиштето.

Според планираните активности  ќе бидат поставени бекатонски плочки, посена трева, како и насадени повеќегодишни листопадни дрвја и џбунови. Од урбана опрема, планирано е поставување  на  клупи и корпи за отпадоци.

Вкупниот планиран Буџет за реализација на активностите изнесува околу 660 000 денари од кои околу 140 000 денари се од Програмата за развој на заедницата, околу 375  000 денари од општинската каса  и околу 130 000 денари од партнерите ЈПКД „Турија“, Василево и Гарден центар Ристови..

Изградбата на овој парк е во рамките на проектот Програма за развој на заедницата кој е финансиран од УСАИД, а се имплементира на територијата на ЛАГ Беласица – Огражден (Локална акциона група – Беласица-Огражден  во партнерство со Мрежата за рурален развој на Македонија  (Rural Development Network of Nort Macedonia).

Василево

Населените места Василево, Градашорци, Ангелци и Едрениково ќе добијат чиста и здрава вода за пиење

Avatar

Published

на

„За неколку месеци, населените места Василево, Градашорци, Ангелци и Едрениково конечно ќе имаат чиста и здрава вода за пиење. Обезбедивме средства за последната фаза од реконструкција на филтер станицата „Ташли баир”, информира градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по потпишувањето на Договорот за партнерство со ЦРЈИПР во реализација на проектот „Преземи чекор-заштити ја животната средина“.  

Во рамките на овој проект  општина Василево обезбедува средства за набавка на опрема за реконструкција и сервисирање на опрема за филтер станицата „Ташли Баир“ односно за регионалниот водовод од кој со вода за пиење се снабдуваат населените места  Василево, Ангелци, Градашорци и Едрениково.

Средствата во износ од 1.395.940 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој согласно Одлуката за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони за 2023 година. Општина Василево ќе учествува и со сопствени средства во износ од 104,695 денари.

„Моето ветување го исполнувам. Постепено но сигурно работиме населените места во општина Василево да добијат чиста вода за пиење. Конечно ќе заврши целосното и темелно решавање на проблемот со вода за пиење за жителите на Василево, Градошорци, Ангелци и Едрениково. Навистина сум среќен, што решаваме децениски проблем. Правото на пристап до чиста вода е основно човеково право. Ветувањата кон граѓаните се реализираат“, вели градоначалникот Андонов.

Прочитај повеќе

Василево

Градоначалникот Андонов во Сушево по повод новиот објект на Месната заедница

Avatar

Published

на

„Денес, на денот кога се празнува Свети Јован Златоуст, присуствував на осветување на новиот објект на месната заедница во населеното место Сушево“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, https://www.facebook.com/vasilevo24, кој на покана од жителите од с. Сушево беше дел од црковниот обред на осветување на објектот.

„Денес е посебен ден за Сушево бидејќи добиваат објект кој долго време го очекуваа. Овој објект ќе биде користен и од страна на месната заедница но и од нашата гордост КУД ,,Сушевски Бисери”, додадава градоначалникот Андонов кој упати честитки за жителите и за нивната организираност и посветеност во развојот на нивното населено место. „Благословено нека е“, стои во објавата на градоначалникот Андонов.

Прочитај повеќе

Василево

Подготовка за асфалтирање на улица во Добрашинци, Општина Василево

Avatar

Published

на

Општина  Василево спроведува градежни активности на подготовка  на една од улиците за асфалтирање во населеното место Добрашинци. Конкретно се работи на тампонирање на улицата по што ќе следува  и нејзино асфалтирање.

На лице место беше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов заедно со дел од своите соработнмици, при што се информираше за текот и динамиката со која ќе се реализира наредната финална фаза.

Должината на оваа улица изнесува 130 метри, а ширината е околу 3 метри, односно онолку колу што дозволуваат фактичките услови на терен. Вкупниот Буџет за нејзина реализација изнесува 397 025 денари, обезбедени од сопствените извори на приходи.

Улицата се реализира во рамки на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици во општина Василево за 2023 година.

Прочитај повеќе