Connect with us

Гевгелија

Оштетените граѓани од гевгелиско можат да достават барање за утврдување на штетите од вчерашното невреме

Media Press

Published

на

Вчера, населените места Серменин, Ново Конско и Моин во попладневните часови беа зафатени од невреме проследено со град. Иако краткотрајно, поради силината, градот предизвика сериозни штети врз земјоделските посеви.

Поради тоа, Општина Гевгелија ги известува граѓаните кои претрпеа штети дека од денеска, во просториите на Општина Гевгелија, можат да поднесат барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Гевгелија.
Во прилог на барањето, кое треба да се подигне од пултот на влезот во општинската зграда, оштетените граѓани треба да достават имотен лист, договор за закуп, документи за машини или опрема, документи за жива стока или други документи, во зависност од тоа што е оштетено. По што, согласно законските прописи, Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата ќе постапи по доставените барања, информираат од Општина Гевгелија.

Гевгелија

Приведени три лица во близина на Дојран, за криумчарење мигранти

Media Press

Published

на

Две лица од Радовиш и едно од Скопје, биле приведени во Полициската станица Гевгелија за криумчарење мигранти. Мигрантите биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Синоќа околу 22 часот и 20 минути кај место викано „Аниште“, во близина на крстосница за с.Фурка, дојранско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ ги лишиле од слобода Т.В.(38) од Скопје, Л.А.(66) од Радовиш и П.С.(45) од Радовиш.

При контрола во возило „мазда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.В., биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија. Додека, пак возилото „фолксваген поло“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувала Л.А., а сопатник бил П.С., служело како претходница.

Мигрантите биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а трите лица биле приведени во Полициската станица Гевгелија. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Пронајден хероин и амфетамин во Гевгелија, приведени две лица

Media Press

Published

на

Вчера околу 15.00 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(46) и Ј.Р.(43), двајцата од Гевгелија.

При преглед на патничко моторно возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.К., биле пронајдени 27 пакувања со хероин, а при преглед на Ј.Р., која била сопатник во возилото, бил пронајден амфетамин.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Донесени повеќе одлуки и решенија на 14 -та седница на Општина Гевгелија

Media Press

Published

на

На последната 14 седница, Советот на Општина Гевгелија донесе повеќе одлуки и решенија. Имено, Советот едногласно донесе Одлука за кофинансирање на проектот: „Градење инфраструктура за заштита на животната средина и подобрен квалитет на живот“, со кој Општина Гевгелија ќе аплицира на Oтворениот повик на Центарот за меѓународна соработка и развој на Република Словенија.

Исто така, предмет на расправа беа Годишните планови за вработување на Општина Гевгелија, JОУДГ „Детска радост“- Гевгелија и ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2023 година, како и Годишните извештаи за работата во 2021/2022, Годишните програми за работа во 2022/2023 година и Годишните програми за екскурзии и други слободни ученички активности во 2022/2023 година на општинските основни училишта.

Од работењето на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија на 14 седница, Советот на Општина Гевгелија дискутираше по Кварталниот извештај за периодот 1 јануари-30 јуни, 2022 година, Измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување за 2022 и Годишниот план за вработување за 2023 година.

На оваа седница, беше едногласно донесена и Одлука за исплата на средства од Буџетот на Општина Гевгелија за лекување на лицето Дамјан Хаџи Николов во странство.

Прочитај повеќе