Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш со интензивни градежни активности за инфраструктурно уредување на Урбан блок 9

Media Press

Published

на

 Општина Радовиш со интензивни градежни активности за инфраструктурно уредување на повеќе локации во општината, посебно на Урбан блок 9.

„Денеска се асфалтира улицата број 3, за што од општинскиот Буџет се издвоени околу 7 милиони денари. Улицата се гради по сите стандарди со атмосверска и фекална канализација. Со асфалтирање на оваа улица и на улица број 4, се заокружува инфраструктурното уредување на Урбан блок 9, што беше и барање на граѓаните“ рече градоначалникот Ацо Ристов кој беше на увид на работните активности. Тој додаде дека наскоро овие улици ќе добија и свои имиња.

Исто така во тек е и изградба на водовод и канализација и на улица број 4 во Урбан блок 9, по што наскоро ќе биде изградена и оваа улица. улиците се градат со средства од Буџетот на Општина Радовиш. Градоначалникот Ристов изразува посебна загриженост од идно финасирање на Буџетот на општината, за што најави и можни средби со граѓани, за да се бараат решенија.

Радовиш

Општина Радовиш го сподели Предлог Буџетот за 2023 со јавноста

Media Press

Published

на

Општина Радовиш го сподели Предлог Буџетот за 2023 со јавноста, ни понатаму може да се доставуваат предлози и сугестии.

„Сите сугестии и забелешки од јавноста може да се достават на емаил: info@radovis.gov.mk или во архива во Општината, за да може да бидат земени во предвид и имплементирани пред доставување на Предлог буџетот до Советот“, велат од општината.

Предлог Буџет на општина Радовиш за 2023  (погледни) 

Прочитај повеќе

Радовиш

Во 2023 година Општина Радовиш ќе поддржи три велосипедски настани од кои еден голем планински маратон

Media Press

Published

на

Во 2023 година  Општина Радовиш ќе поддржи три велосипедски настани од кои еден голем планински маратон, ова го најави Велосипедската федерација на Македонија.

„Во општина Радовиш велосипедскиот клуб “Бел Камен” долги години го развива планинскиот велосипедизам. Во минатото Ацо Ристов како приватен стопанственик беше најголем поддржувач на локалниот клуб а сега како градоначалник уште повеќе се залага за развој на велосипедизмот и спортот воопшто во овој регион. Во 2023 година општината ќе поддржи три велосипедски настани од кои еден голем планински маратон на кој се очекува учество на повеќе стотини велосипедисти од сите краишта на Македонија“, стои во објавата од Велосипедската федерација на Македонија по средбата со градоначалникот Ацо Ристов и претседателот на велосипедскиот клуб “Бел Камен” од Радовиш, Ристе Кукутанов.

Прочитај повеќе

Радовиш

За прв пат во Радовиш отворен Центар за психосоцијална поддршка на жртви на семејно насилство

Media Press

Published

на

Жртвите на семејно насилство  од општините Радовиш и Конче отсега ќе можат да се обратат за помош во Центарот за психосоцијална поддршка на жртви на семејно насилство кој денеска беше отворен во зградата на поранешниот факултет во центарот на Радовиш. Како активност од втората компонента на проектот „Достапни и ефикасни, дигитални и социјални услуги на општините Радовиш и Конче“ беше отворен овој „Центар за поддршка на жени“. Носител на Проектот е УНДП и Бирото за регионален развој, а финансиски поддржан и од двете општини Радовиш и Конче на иницијатива и во соработка со здружението Женска акција од Радовиш.

Градоначалникот Ацо Ристов изрази благодарност до УНДП, до Бирото за регионален развој и до здружението „Женска акција“ за реализацијата на овој проект. Тој се надева дека нема да има потреба многу да се користи, но во случај да има потреба, жртвите можат да се обратат за помош, било да се работи за жени или за мажи.

Вакви центри во Македонија има 11 меѓу кои и центарот во Радовиш, според УНДП целта не е само да им се помога на жртвите туку и да се работи на превенција, рече Сања Бојаниќ, заменичка на постојаниот претставник на УНДП.  

Центарот е отворен во соработка со Женска акција од Радовиш и во него, психосоцијална поддршка на жртвите ќе дава психологот Кристина Коцева,   како и помош во посредство помеѓу институциите. Истиот ќе биде отворен секој ден од 09 до 17 часот.

Вредноста на Проектот е 3.600.000 денари, од кои УНДП и Бирото за регионален развој како носители, учествуваат со 2.600.000 денари и општините Радовиш и Конче со 1.000.000 денари.   

Центарот е отворен во склоп на 16 дена активизам против родовобазирано насилство, глобална акција која започнува на 25 ноември и завршува на 10 делември , рече Иванка Соколова од Женска акција која даде голем придонес во отворањето на овој центар и практично беше иницијатор на поектот.

Прочитај повеќе