Connect with us

Радовиш

Центарот за култура „Ацо Караманов„ од Радовиш ја организира втората Стрип работилница

Avatar

Published

на

Околу 20 -тина ученици од основните и средното училиште од Радовиш љубители на стрипот, денеска беа дел од Стрип работилницата која се одржа во ЦК „Ацо Караманов“ во Радовиш. Децата ги изразија своите креативни способности преку стрипот на тема „Нашите соседи и пријатели роми“. Ваква Работилница по втор пат се одржува во центарот за култура во  Радовиш а во соработка со Стрип центарот од Велес.

 Младите креативци уживаа во цртањето обидувајќи се да испратат порака преку стрипот.

Од ЦК Ацо Караманов велат дека Стрип работилницата секогаш буди интерес кај младите уметници и како новина воведена од минатата година ќе продолжат да ја организираат и во наредните години, со цел да заживее како традиција и да се негува оваа специфична иметност.

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе