Connect with us

Радовиш

Рудниците Бучим и Боров Дол започнаа со донација на дробен камен – тампон, за тампонирање на нови улици во Општина Радовиш

Avatar

Published

на

 Рудниците Бучим и Боров Дол започнаа со донација на дробен камен – тампон, со цел да помогнат на Општина Радовиш во реализација на инфраструктурни проекти односно тампонирање на неизградени улици во Радовиш и во населените места.

Со тоа започнува долгорочна инфраструктурна соработка на општина Радовиш со рудниците Бучим и Боров Дол, со што се поттикнува висока општествена одговорност и соработка на компаниите со локалната самоуправа, што е еден од приоритетите на општината за подобрување на условите за живот на граѓаните во градот и во населените места.

Денеска беше извршена првата достава на тампон  во присуство на градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов и менаџерскиот тим на двата рудника Бучим и Боров Дол, Олег Чусовитин и Ивица Карапетров во кругот на ЈП „Плаваја“. Тампонот како што кажа градоначалникот наменски ќе се користи исклучиво за поправки и пробивање на патишта од земјен коловоз и уредување на порои.

Градоначалникот Ристов изрази благодарност за ваквата донација и рече дека ова е од голема помош за општината, додека да се најде соодветно решение за изгубената концесија од рудникот Бучим.

Со денешната донација започнува првата фаза од донирање на дробен камен во која во нредниот период ќе бидат донирани 10.000 метри кубни тампон, со цел да се помогне во развојот на Радовиш во инфраструктурни проекти, рече прес- секретарот на рудниците Бучим и Боров Дол, Кристина Крстева. Таа додаде дека двата рудника продолжуват со праксата да бидат општествено одговорни комании и да помагаат на општина Радовиш.

  “Како партнери на локалната заедница, фокусирани сме кон обезбедување вредност за општеството и се залагаме за поддршка и реализација на проекти кои што се насочени кон подобрување на квалитетот на живеење на жителите на локалните заедници. Веруваме дека преку својата општествена одговорност може да придонесеме во подобрувањето, унапредувањето и во развојот на заедницата во која што делуваме. Преку поддршката на овој проект за реконструкција и изградба на локална патна инфраструктура ќе се овозможи поврзување на населените места во Радовиш, а со тоа ќе им се овозможи повисок и поквалитетен животен стандард на жителите, што во суштина значи и константно подобрување на условите за живот,” потенцираат од Бучим. Во наредниот период ваквата донација ќе продолжи според потребите на општината, за подобрување на инфраструктурата.  

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе

Радовиш

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.

На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.

Прочитај повеќе

Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.

Прочитај повеќе