Гевгелија
Кривична пријава против мигрант за повреди на друго лице мигрант кое подоцна починало

Published
3 недели agoна
By
Media Press
Одделението за внатрешни работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против М.В.(22) од Авганистан поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 4, во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 15.05.2022 околу 19.00 часот во близина на железничката станица во Гевгелија, М.В. со остар предмет му нанел повреди на М.А.(24) од Авганистан, по што тој подоцна починал, информира СВР Струмица.
Поврзани содржини
Оштетените граѓани од гевгелиско можат да достават барање за утврдување на штетите од вчерашното невреме
Уште 34 граѓани можат да добијат субвенции од Општина Гевгелија за набавка на велосипед, продолжен Јавниот повик
ФЛОРИТ -Гевгелија од утре стартува со реализација на проктот за иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор
Во Гевгелија, се одржува 10 Меѓународен натпревар за млади пијанисти
Тридневната богата, културно-уметничка програма по повод Спасовден- Патронот на градот Гевгелија
Во своето дворно место пронашол неексплодирана бомба
Гевгелија
Оштетените граѓани од гевгелиско можат да достават барање за утврдување на штетите од вчерашното невреме

Published
6 дена agoна
јуни 24, 2022By
Media Press
Вчера, населените места Серменин, Ново Конско и Моин во попладневните часови беа зафатени од невреме проследено со град. Иако краткотрајно, поради силината, градот предизвика сериозни штети врз земјоделските посеви.
Поради тоа, Општина Гевгелија ги известува граѓаните кои претрпеа штети дека од денеска, во просториите на Општина Гевгелија, можат да поднесат барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Гевгелија.
Во прилог на барањето, кое треба да се подигне од пултот на влезот во општинската зграда, оштетените граѓани треба да достават имотен лист, договор за закуп, документи за машини или опрема, документи за жива стока или други документи, во зависност од тоа што е оштетено. По што, согласно законските прописи, Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата ќе постапи по доставените барања, информираат од Општина Гевгелија.
Гевгелија
Уште 34 граѓани можат да добијат субвенции од Општина Гевгелија за набавка на велосипед, продолжен Јавниот повик

Published
1 недела agoна
јуни 21, 2022By
Media Press
На отворениот Јавен повик на Општина Гевгелија за доделување субвенции на граѓани за набавка на велосипед, до денеска, аплицирале 66 граѓани од општина Гевгелија. Согласно Одлуката на Советот на Општина Гевгелија, до потрошувањето на утврдената сума од 500.000 денари (на 100 граѓани по 5.000 денари), остануваат субвенции уште за 34 лица.
„Со оглед на тоа дека бројот на апликации не е исполнет, Општина Гевгелија ги информира граѓаните дека, на 21 јуни, 2022 година, вторник, Kомисијата за спроведување на Јавниот повик за доделување субвенции на граѓани за набавка на велосипед ќе продолжи со примање апликации сè до потрошувањето на утврдената сума од Буџетот на Општина Гевгелија за таа намена. Доделувањето на субвенциите се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“ информираат од општина Гевгелија.
Од општината потсетуваат дека потребната документација треба да се достави во затворен коверт со назнака: „За Јавниот повик за субвенционирање за купување велосипеди во општина Гевгелија за 2022 година“, во просториите каде е сместена Фондацијата за локален економски развој и развој на информатички технологии- Гевгелија (Стара градинка, ул. „Маршал Тито“ бр. 60, Гевгелија), во периодот од 08:00 до 16:00 часот.
Гевгелија
ФЛОРИТ -Гевгелија од утре стартува со реализација на проктот за иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор

Published
2 недели agoна
јуни 16, 2022By
Media Press
Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија, утре, ќе го реализира почетниот состанок (kick-off meting) во рамки на проектот: „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“ со акроним „IDEAS“. Со тоа, ќе биде означен и официјален почеток на проектот.
На работниот состанокот ќе присуствуваат претставници од партнерските организации од Американското земјоделско училиште од Солун, Грција, како и од Мрежата за рурален развој од Скопје. На состанокот, ќе присуствуваат и претставници од Заедничкиот технички секретаријат од Солун, кои ќе ги мониторираат проектните активности.
Состанокот е закажан со почеток во 11:00 часот, во Хотел Аполонија – Гевгелија.Проектот „IDEAS“ е аплициран во Вториот повик на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија, за програмскиот период 2014 – 2020” и е финансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички.

Граѓаните да избегнуваат движење на патот Подареш – Смиланци

Корисни совети како да се однесуваме при високи температури

ЛАГ Плачковица започна со подготвителни активности за партерно уредување на централното подрачје во с.Лубница

Сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница
