Македонија
Денеска се празнува Свети цар Константин и неговата мајка, царицата Елена
Published
1 година agoна
By
Media Press
Православните верници денеска го слават празникот посветне на Царот Константин Велики и неговата мајка, царицата Елена, кои за нивните заслуги во признавањето и ширењето на христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот владетел на големата Римска империја што ја признал оваа вера.
Во првите три века христијанството било жестоко прогонувано, но сепак, бројот на неговите приврзаници постојано се зголемувал. Во четвртиот век за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан прогоните биле најжестоки. Биле уривани христијанските храмови, биле палени христијанските книги, а христијаните биле подложувани на најжестоки измачувања. Дури за време на Констанциј Флор, таткото на Константин односот кон христијаните омекнал.
Константин е најстариот син на царот Констанциј Флор, и царицата Елена. Констанциј имал и други деца од друга жена, а со Елена го имал само Константина. Константин е роден во Ниш на 27 февруари 274 година, каде што татко му како висок римски службеник тогаш бил на служба. Кога татко му умрел, во Англија, во 306 година како император на Западната римска империја Константин го заменил на императорскиот престол.
Мајка му Елена, многу добра и побожна жена, го советувала да не ги напаѓа христијаните туку да ги заштитува зашто тие се добри луѓе. За време на школувањето во царскиот двор Константин со болка на душата гледал како царските војници ги мачат и убиваат христијаните. Кога станал император тој раководел со мудрост и разбирање за сите поданици на империјата. Тогаш и христијаните почувствувале поголема слобода за своите верски чувства. Но тоа се чувствувало само во еден дел од империјата. Другите делови и натаму страдале, особено тоа било случај во делот на Италија што бил под власта на тиранинот Максенциј. Не можејќи повеќе да ги трпат неговите насилства во 312 година народот го повикал Константина да ги ослободи од тиранијата на овој владетел.
Пред битката против Максенциј, истата година, исплашениот Константин размислувал на кој бог да му се моли. Еден ден околу пладне, на небото видел нишан ‒ светол крст и напис: „Со овој знак ќе победиш“. Со овој знак Константин влегол во борба против Максцениј, кој со силна војска бил утврден во близината на Рим и лесно го победил. Бегајќи со многу војници Максцениј се удавил во реката Тибар на 28 октомври 312 година. Царот Константин влегол во Рим, радосно пречекан од населението затоа што го ослободил градот од тиранинот. Веднаш потоа донесол закон, познат под името Милански едикт во 313 година, со кој го забранил прогонувањето на христијаните, им дозволил да градат храмови и во нив да се молат. Тогаш, голем број христијани со лични средства изградиле цркви во кои се молеле.
Мајка му Елена е заслужна за пронаоѓањето на светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Првите три века по Христа не се знаело каде се наоѓа крстот Христов. Се претпоставувало дека е закопан во близината на неговиот гроб, бидејќи според тогашните еврејски обичаи крстовите биле закопувани во близината на гробовите. Царицата Елена наредила да се копа околу гробот Христов но таму нашле три крста бидејќи во близината биле и гробовите на двајцата разбојници што биле распнати во исто време. Тогаш се појавил проблем, не можеле да дознаат кој од трите е Христовиот крст. Во тоа време минувала погребна поворка и царицата Елена наредила мртовецот да се стави на трите крстови. И се случило чудо, на еден од нив мртовецот оживел. Тоа било знак дека тој е бараниот крст врз кој бил распнат Исус Христос.
Царицата Елена умрела на 18 август 327 година во 80-тата година од животот. Според некои сведоштва умрела во Палестина, а по две години моштите биле пренесени во Цариград и биле погребани во црквата на Светите Апостоли. Аџијата Антоније видел во 1200 година дека телата на Константин и на Елена лежеле во еден гроб. За чудата што ги правеле моштите на Елена многу се раскажувало на запад особено во Франција. Според други Елена умрела во 326 година, нејзиното тело било погребано во Виа Лавакана во Рим, а подоцна било пренесено во Цариград.
Константин десет години ја надживеал својата мајка. Умрел во градот Никодимија на 22 мај 337 година, по 32 години царување, кога имал 65 години. Според личната желба неговото тело било погребано во специјално за таа пригода изграден гроб во црквата „Свети Апостоли“ во Цариград.
Нивниот заеднички празник се празнува на 3 јуни според новиот, (односно на 21 мај според стариот) календар и во некои краишта се смета за тежок празник. Во Радовиш одвечер оделе во с. Конче, таму во црквата ноќевале и оставале ветени дарови: крпи, кошули, чорапи, или стока: јагниња, телиња и др. Сето тоа се правело за здравје.
Македонија
МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито
Published
1 ден agoна
декември 1, 2023By
Media Press
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира земјоделците дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, распиша јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, за мерката 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства, односно подмерка 121.12 Набавка на комбајни за жито.
Како корисници се јавуваат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во МЗШВ, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, и поседуваат минимум 10 хектари обработлива земјоделска површина под пченица, јачмен, р`ж, тритикале и/или овес.
Максималната вредност на кофинансирана сума по корисник изенсува 3 милиони денари. Финансиските средства се наменети за инвестиции во набавка на комбајни за жито. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
Крајниот рок за доставување на барањата е до 30 декември 2023 година. Заинтересираните земјоделци своите барања ги поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.
Повеќе информации за повикот, како и упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање, земјоделците можат да погледнат на веб страната на АФПЗРР www.ipardpa.gov.mk
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците, да се заознаат со условите од јавниот повик и навремено да аплицираат, искористувајќи ја можноста за поддршка, модернизирајќи го своето земјоделско производство.
Македонија
Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ
Published
3 дена agoна
ноември 29, 2023By
Media Press
Министерот за надворешни работи Бујар Османи сподели видео во кое се гледа трансформацијата на салата Борис Трајковски во Скопје за одрќување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ.
„Погледнете ја трансформацијата на салата Борис Трајковски. Подготвени сме за одржувањето на 30-от министерски состанок на ОБСЕ!Чест ми е што имаме можност да го организираме еден од најголемите настани што некогаш е направен во земјава“, напиша Османи.

Македонија
Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
Published
3 дена agoна
ноември 29, 2023By
Media Press
Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје, МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од 29.11.2023 (среда) од 13.00 часот, па сѐ до завршување на Министерскиот совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година на 30.11.2023 (четврток), кој ќе се одржува во СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Илинден“, и тоа од крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосницата со ул.„Љубљанска“ и бул.„8 Септември“, од крстосницата со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански одреди“.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до сите граѓани – учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

МЗШВ: Објавен јавен повик преку програмата за рурален развој за поддршка при набавка на комбајни за жито

Општинската библиотека ,,Браќа Миладиновци” во Радовиш одбележа 66 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

Трансформација на салата Борис Трајковски за одржување на 30-от министерски состанок на ОБСЕ

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје
