Connect with us

Радовиш

Православните христијани денеска го празнуват празникот Свети Цар Константин и царица Елена

Avatar

Published

на

Во црковниот храм Света Троица во Радовиш по повод празникот Свети Цар Константин и царица Елена беше одржана света божествена литургија.

Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на Христијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни. Во црковниот храм Света Троица во Радовиш по повод овој празник беше одржана света божествена литургија.

Првите три века христијанството било жестоко прогонувано, но сепак бројот на неговите приврзаници постојано се зголемувал. Во четвртиот век за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан прогоните биле најжестоки. Биле уривани христијанските храмови, биле палени христијанските книги, а христијаните биле подложувани на најжестоки измачувања. Дури за време на Констанциј Флор, таткото на Константин, односот кон христијаните омекнал.

Константин е најстариот син на царот Констанциј Флор, и царицата Елена. Кога татко му умрел во Англија во 306 година како император на Западната римска империја, Константин го заменил на императорскиот престол.

Мајка му Елена, многу добра и побожна жена го советувала да не ги напаѓа Христијаните, туку да ги заштитува зашто тие се добри луѓе.

Мајка му Елена е заслужна за пронаоѓањето на светиот крст на кој бил распнат Исус Христос. Првите три века по Христа не се знаело каде се наоѓа крстот Христов.

Се претпоставувало дека е закопан во близината на неговиот гроб, бидејќи според тогашните еврејски обичаи крстовите биле закопувани во близината на гробовите. Царицата Елена наредила да се копа околу гробот Христов, но таму нашле три крста, бидејќи во близината биле и гробовите на двајцата разбојници што биле распнати во исто време. Тогаш се појавил проблем, не можеле да дознаат кој од трите е Христовиот крст. Во тоа време минувала погребна поворка и царицата Елена наредила мртовецот да се стави на трите крстови. И се случило чудо, на еден од нив мртовецот оживел. Тоа било знак дека тој е бараниот крст врз кој бил распнат Исус Христос. Кога за тоа разбрале жителите на Ерусалим потрчале да го видат крстот. Но од големата турканица што се создала не можеле да го видат, поради што владиката ерусалимски Макарие, неколку пати го кревал и спуштал крстот вртејќи се на сите четири страни. Потоа царицата изградила голема црква на местото каде што бил распнат Исус и каде што подоцна во 326 година го пронашле крстот на кој бил распнат.

Царицата Елена умрела на 18 август 327 година во 80-тата година од животот. Според некои сведоштва умрела во Палестина, а по две години моштите биле пренесени во Цариград и биле погребани во црквата на светите Апостоли. Аџијата Антоније видел во 1200 година дека телата на Константин и на Елена лежеле во еден гроб.

За чудата што ги правеле моштите на Елена многу се раскажувало на запад особено во Франција. Според други Елена умрела во 326 година, нејзиното тело било погребано во Виа Лавакана во Рим, а подоцна било пренесено во Цариград.

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Левица -Радовиш денеска заедно со граѓаните на градскиот пазар

Avatar

Published

на

Денеска членовите на ЛО Левица-Радовиш ја презентираа програмата на претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, на поставен штанд до градскиот пазар во Радовиш.

„Граѓаните велат дека со нетрпение ги чекаат овие историски избори за заедно да ставиме крај на криминалните банди од ДПМНЕ, СДС и ДУИ кои ја пустошат Македонија триесет години“ велат младите активисти на ЛО Левица – Радовиш, кои рекламниот материјал од програмата на Ванковска го делеа и на граѓаните во пазарот.

Прочитај повеќе