Connect with us

Гевгелија

Тридневната богата, културно-уметничка програма по повод Спасовден- Патронот на градот Гевгелија

Avatar

Published

на

Отворена тридневната богата, културно-уметничка програма по повод Спасовден- Патронот на градот Гевгелија, која ја организира ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија.

„Нека ни е честит празникот Спасовден, кој го означува Христовото вознесение. Нека ни донесе здравје, благосостојба и разбирање. Нека Спасовден и натаму ги штити сите граѓани на Општина Гевгелија и не води кон подобра иднина. Да сте ми здрави и живи, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во својата честитка до граѓаните, на отворањето на манифестацијата по повод Спасовден.

Пред почетокот на традиционалната манифестација „Распеана чаршија“, исто така, честитка упати и Мирјана Крстева Массетти, директорката на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, запознавајќи ги присутните со активностите.

Во предвечерието на Празникот, на платото пред споменикот на Сава Михајлов, продефилираа фолклорните групи и ансамбли: „Распеани гевгеличани“, „Распеани валандовчани“, Пејачката група на ЗП Кавадарци „Никола Бадев“, ВИА „Распеани струмичани“ и Пеjачката група на Здружението на пензионери „Сава Михајлов Гевгелија“, кои се претставија со староградска песна и музика.

Во духот на традицијата и богатото фолкорно минато, веднаш потоа беше отворена Изложба на фотографии и презентација на видео- материјали за „Манастирите и црквите во Гевгелиско (Стара Гевгелија)“. Беа изложени фотографии од неколку локации во градот, на кои се прикажува стара, архаична, градска архитектура на заштитени споменици, во придружба на облековна култура од периодот на Ала франга.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, денеска, во утринските часови, присуствуваше на Свечената Златоустова Литургија по повод големиот христијански празник Вознесение Христово- Спасовден. Литургијата се служеше во манастирот „Св. Спас“, а со неа чиноначалствуваше отецот Љупчо Миланов.

Пред многубројните верници собрани во манастирската црква „Свети Спас“, отецот Миланов упати благослов до Градоначалникот, како и до сите граѓани и добредојденци во општината, без разлика на нивната религија. „Градоначалниче, нека ова биде за спасение ваше и на целата општина. Да се молиме за здравје и спасение за сите православни христијани кои живеат во неа, но и за сите оние кои иако не се православни христијани, дошле во Гевгелија да си најдат свој дом“, истакна отецот Миланов при осветувањето на спасовденскиот колач.

Гевгелија

Исчезнало лице од Гевгелија, случајот пријавен во полиција

Avatar

Published

на

На 14.03.2024 во 09.30 часот во Полициската станица Гевгелија, С.З.С.(44) од Гевгелија пријавила дека од јули 2023 година од домот се оддалечил нејзиниот братучед Р.М.(46) од Гевгелија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем водостопански проект изграден во државата во последните 20 години

Avatar

Published

на

Завршена изградбата на браната „Конско“, најголем капитален проект во последните 50 години, како што беше речено на вчерашниот настан по повод завршувањето од изградбата на браната, со придружни објекти и акумулација на река Конско.

Модерно наводнување на најмалку 6 500 хектари во текот на целата година, зголемување на обработливите површини за пет пати, помали трошоци и поконкурентно производство, ќе овозможи браната „Конско“ чија изградба и официјално е завршена.

Инвестиција вредна над 40 милиони евра, обезбедена директно од Буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Новата вештачка акумулација е изградена со користење најсовремени технолошки методи, по светски стандарди. Водата од акумулациското езеро, освен за наводнување, ќе се користи и за производство на електрична енергија.

Со грант од Кралството Шпанија предвидена е изградба на пловечки фотоволтаици со што ќе се намали цената на водата за наводнување, а ќе се зголеми енергетската независност на државата, беше речено на настанот. Планирани се и 2 мали хидроцентрали во рамките на хидросистемот.

 Покрај гевгелискиот регион, акумулацијата ќе може да ги снабдува со вода за наводнување и Богданци и околината, како и  дојранскиот регион. На настанот свои обраќања имаа претседателот, Стево Пендаровски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и извршниот директор на фирмата изведувач на проектот, Хасан Адали.

Браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем „Гевгелиско поле“ и е една од најсериозните инвестициии во македонското земјоделство, но и на енергетски план. Акумулацијата ќе овозможи и развој на руралниот туризам, спортски и рекреативен риболов.

Прочитај повеќе

Гевгелија

Во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат српски државјанин

Avatar

Published

на

На 29.01.2024 во 10.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во објект на фарма за свињи во атар на село Моин, гевгелиско, бил пронајден починат П.С.(67) од Република Србија, кој работел како стручен консултант во фармата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Прочитај повеќе