Connect with us

Радовиш

Граѓанските организации сериозно се вклучуваат во подобрувањето на условите за живот во Општина Радовиш

Avatar

Published

на

Општина Радовиш денеска склучи Договори со граѓанските здруженија кои добија финансиска поддршка за проекти од јавен интерес, по претходно спроведена постапка согласно Методологија и по донесена Одлука на Советот на општина Радовиш .

Градоначалникот Ацо Ристов истакна дека соработката со граѓанскиот сектор мора да биде подигната на највисоко ниво и дека со тоа уште повеќе заеднички ќе се придонесе кон подобрување на условите за живот во Општина Радовиш.

Во соработка со овие здруженија, општина Радовиш ќе добие јавни тоалети и план за одржлива урбана мобилност, ќе добие ново партерно уредување на просторот околу Јаворот, ќе бидат изработени и поставени дваесет информативни табли за починати лица а планината Плачковица ќе стане модерна туристичка атракција со современи инфо-табли и нови модерни содржини.

Радовиш

Изработена е првата карта за опасности од поплави за Радовиш

Avatar

Published

на

Изработена е првата карта за опасности од поплави за Радовиш. Во рамки на активности од Проектот за еко-системско базирано намалување на ризици од катастрофи во Македонија (ЕКО-НРК), финансиран од страна на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), денес во општина Радовиш беа предадени изработени карти за опасности од поплави од Радовишка река за град Радовиш. Изработена е од страна на јапонски експерти со користење на апликативен софтвер за симулација на поплави од 100-годишни води, собирање на податоци од теренско истражување, идентификување на опасни подрачја и потврда на локалната состојба.

Картите за опаност се визуелна претстава и пренесување на знаење кое се применува секојдневно во Јапонија. Картата за опасност содржи графички и текстуални насоки за хоризонтална и вертикална евакуација во случај на поплави предизвикани од поројни врнежи на дожд, критични точки, фотографии од претходни поплави како и локации за евакуација во секоја урбана заедница. Содржината на картите за опасност беа презентирани и усвојувани на претходно одржани работилницата со претставници на локалните и државни институции на подрачјето на опшитна Радовиш, претставници од урбаните заедници, невладините организации, група на граѓани од ранливи категории и сл.

Според предвидениот обем изработени се 50 карти на опасности за претставниците на локалните и државни институции, поставени се шест (6) табли од информативен карактер за жителите и посетителите на Радовиш. Со цел поширока распространетост на оваа карта на опасност, односно овој материјал со информациите за евакуација да пристигнат во секој дом, изработени се три илјади (3.000) џебни брошури кои ќе се разделат преку образовните институции до граѓаните како крајните корисници.

Во прилог е видео материјал (https://www.youtube.com/watch?v=-hiG1xiUW_M) од изведените заштитни работи од полави во горниот тек на Радовишка река, со примена на градежни активности од помал обем, пошумување на садници и користење еко-мерки за зголемување на заштитната функција на шумите.

Прочитај повеќе

Радовиш

Здравствен дом – Радовиш потпиша Меморандум за соработка со ЗПОРК, повеќе бесплатни прегледи во 2024 за пензионерите

Avatar

Published

на

ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш потпиша Меморандум за соработка со Здружението на пензионери на Општините Радовиш и Конче.

Двете страни потписнички, грижејќи се за здравјето на пензионерите  се согласија за спорведување на повеќе бесплатни прегледи во следната 2024 година:

Согласно меморандумот се обезбедува 4 пати во годината вршење на бесплатни прегледи, како мерење на шеќер и крвен притисок во Клубот на пензионерите во Радовиш и еднаш во годината во четирите ограноци во население места.

 Во 2024 година еднаш годишно се одобрува бесплатни прегледи кај доктор по очни болести за мерење на очен притисок и консултација со лекарот.

Потоа се обезбедува и превентивни прегледи кај доктор специјалист невролог со цел спречување на мозочни удари и третман на компликација кон истите, оваа ставка се предвидува да се изврши трипати годишно во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш.

Се обезбедува и прегледи кај доктор специјалист по уво нос и грло три пати во годината.

Согласно меморандумот се обезбедува и обука во центарот за дијабетис за сите пензионери дијабетичари од страна на медицинско лице.

И до крајот на месец декември годинава се обезбедува бесплатна крвана слика ПС за мажи.

Вчера Здравствен дом Радовиш успешно ја спроведе активноста,, Здравје за сите“, со граѓаните на Општина Конче, за бесплатно мерење на шеќер во крвта и крвен притисок на граѓаните во Конче, без да патуваат во Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

ЈП Плаваја – Радовиш со известување за прекин на водоснабдувањето

Avatar

Published

на

ЈП Плаваја – Радовиш со ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО КОРИСНИЦИТЕ ОД ЧЕТВРТАТАТА И ПЕТТАТА УРБАНА ЗАЕДНИЦА ВО РАДОВИШ И ДЕЛ ОД ТРЕТАТА УРБАНА ЗАЕДНИЦА НА ПОТЕГ ОД УЛИЦА ИЛИНДЕНСКА ДО БУЛЕВАР за прекин на водоснабдувањето.

„ Денес четврток 07 декември 2023 година поради поставување на против пожарен хидрант ќе има прекин на водоснабдувањето во Четвртата и Петтата урбана заедница, а во наведениот потег од Третата урбана заедница ќе има нарушено водоснабдување. Прекинот ќе трае до завршување на работите.Благодариме за разбирањето“ соопштуваат од ЈП Плаваја – Радовиш.

Прочитај повеќе