Македонија
Корупција во онлајн медиумите има, потребна е активна саморегулација но и институционално почитување на Регистар со онлајн медиуми (promedia.mk)
Објавено на
Од
Media Press
Измена на правилникот на ДИК за финансирање на предизборните кампањи на партиите на онлајн медиумите, саморегулирање на онлајн медиумите со јасно објавено сопствеништво, редакција и уредник, етички да се сензибилираат сите кои работат во овие медиуми од новинари до сопственици, формирање фонд за медиуми.
Ова се само дел од заклучоците од дебатата што ја организираше СЕММ за намалување на корупцијата во онлајн медиумите а на која беа презентирани наодите од истражувањето за перцепцијата од корупција за онлајн медиумите. На дебатата присуствуваа и медиумски работници од Југоистокот.
Истражувањето покажа дека заради нерегулираноста на овие медиуми, но и заради финансиската нестабилност, онлајн медиумскиот сектор е подложен на корупција најмногу од бизнис секторот, но и од партиите и институциите. Испитаниците конкретизирале дека најмногу се подложни сопствениците на информативните портали, уредниците а најмалку новинарите.
,,Немањето на редовни и сигурни извори на финансирање, наспроти лошата економска состојба во државата, предизвикува политичките партии но и бизнис секторот, да имаат влијание врз онлајн медиумите и да ги злоупотребуваат со цел ширење на одредена пропаганда, остварување на бизнис интереси, сокривање на одредени проблеми, но и ширење на вести кои не се според кодексот на новинарите’’, потенцираше Габриела Андреевска од консултантската куќа која го спроеведе истражувањето.
Како што подвлече таа дел, од сопствениците на онлајн меидуми признале дека се приморани да прифатат одредени коруптивни зделки со политички партии или пак да сокриваат или фаворизираат информации кои доаѓаат од бизнис моќници бидејки во спротивно ќе ги ,,секнат’’ парите за рекламирање но и закуп на банери кај онлајн медиумите. Беше прецизирано дека и маркетинг агенциите исто така се јавуваат како медијатор при овозможување на средина подложна на корупцијата помеѓу бизнис секторот и онлајн медиумите.
Голем дел од дебатата се посвети на трошењето на јавните пари во онлајн медиумите, ,,претежно за време на избори кога народни пари се слеваат во онлајн медиуми без импресум, сопствеништво или редакции а сето тоа аминувано од полтичките партии. Горан Трпеновски од ДКСК кажа дека се запознати со овој проблем и дека ќе мора да се носи нов правилник и критериуми а ако треба и законски ќе се интервенира’’. Јавните пари да се насочуваат во онлајн медиуми кои се професионални и опфатени со регистар на медиуми.
,,Имаме недоволна транспарентност во распределбата на средства од изборниот колач во медиумите. Ова истражување ќе ни помогне и нам како комисија. Важно е да се напомене и дека треба да се даде поголемо значење на регистарот на професионални медиуми, а и ДКСК е на линија на саморегулацијата многу повеќе отколку на силна регулација од страна на државата’’, истакна Трпеновски член на ДКСК.
На дебатата стана збор и за членот 102 со кој се забранува рекламирање на државни, јавни и локални институции во медиумите. Димитар Мицев од здружението ,,Медиум Објектив’’ посочи дека овој член не ги опфаќа онлајн медиумите кои не се регулирани што е основа за појава на корупција.
,,Тие си дозволуваат тоа што ние не можеме да си го дозволиме. Ние сме под лупата на сите и ја немаме таа шанса да бркаме кликови со лажни вести.Во онлајн сферата дури инкасираат профит додека другите медиуми се борат за опстанок. Финансиски не моќни медиуми се подложни на корупција несомнено. Дали е тоа на ниво на новинар, уредник или сопственик тоа е зависно од поставеноста на самиот медиум. Во таа борба за опстанок можноста за корупција е голема. Регулираните медиуми се во помал број и се помалку ќе ги има’’, истакна Мицев.
Во земјава има Регистар на професионални меидуми но тој ќе мора да се контролира во поглед на тоа како работат и дали ги почитуваат стандардите. Тамара Чаусидис побара редовен преглед и контрола на сите онлајн медиуми кои се членови во Регистарот за да се добие јасна слика кој е професионален а кој не и треба да се анализираат ефектите од овој Регистар.
,, Веројатно треба и може да му се наметне на ДИК да ги смета како медиуми оние кои се регистрирани во регистарот ПроМедиа или било кој друг регистар. Преку моделите на финансирање ни влегува корупцијата. Нетранспарентно рекламирање е област која најмногу загрижува,, истакна новинарката Тамара Чаусидис.
Дебатата беше дел од серијалот на работилници кои СЕММ ги организира со новинарите и меидумските работници со цел да се подобри медиумската сфера и да се поттикне саморегулацијата на медиумите. Онлајн средбата беше организиран во рамките на проектот ,,Поддршка на слободата на изразување во медиумите во Северна Македонија“, што го имплементира СЕММ, а го финансира ЕУ и со поддршка преку USAID.
Поврзани содржини

Според Транспаренси Интернешнл Македонија ја подобрува својата позиција во борбата против корупцијата

Спасовски: Мора интензивно да продолжат активностите за борба против корупцијата

Според индексот за корупција Македонија најлошо рангирана досега

Заев на НТВ: Отворивме фронт против криминалот и корупцијата

Вработени во управата и правосудните органи од Југоисточниот регион присуствуваа за препознавање и пријавување на корупција

Претседателот Пендаровски на Регионалниот форум за добро владеење и борба против корупцијата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

