Connect with us

Македонија

Заев на НТВ: Отворивме фронт против криминалот и корупцијата

Avatar

Published

на

„Новата Влада отвори фронт против криминалот и корупцијата и во тој процес важни ни се сите, важни се институциите, медиумите, сите алки во општеството, за да обезбедиме редот и законот да важат за сите“, истакна претседателот на Владата, Зоран Заев во гостувањето во емисијата „Отворено студио“ на Националната телевизија.

Како еден од главните приоритети, премиерот Заев ја истакна потребата од прочистување на судството, процес кој може да се спроведе и преку постоечките закони.

„Со веќе постоечките закони може да се направи целосно прочистување на судството. Судскиот совет има механизми, има можност да види кој застарувал предмети и има право да носи одлуки за разрешување и казнување. Во процесот сигурно може да се вклучи и Советот на јавни обвинители, како и Државната комисија за спречување на корупцијата и Управата за јавни приходи пред сè преку проверката на потекло на парите и капиталот на судиите и обвинителите, но и на сите други јавни функционери“, подвлече Заев.

Претседателот на Владата Заев ја потенцира важноста од зголемување на ефикасноста на судскиот систем, којашто освен што е важна за правдата, важна е и за враќање на довербата на граѓаните кон правосудството.

„Ефикасноста на судството мора да се подобри, не смее да се дозволи предмети да застаруваат. Новиот Закон за Јавно обвинителство е донесен и во него се содржани сите решенија за сите отворени случаи, но и истраги. Ако во судска постапка преку докази и аргументи се докаже вина, ќе одговара секој, но ако нема докази, нема аргументи, тогаш тој не е виновен. Но мора да има пресуди за сите предмети, тоа го очекуваат граѓаните“, посочи Заев додавајќи дека обвинителствата, особено Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, мора да биде целосно екипирано, вклучувајќи го тука и ангажирањето на истражители и стручни соработници.

Премиерот Заев истакна дека силната определба на Владата за ред, правда и дисциплина се докажува и со назначувањето на потпретседател на Владата задолжен за борба против криминал и корупција, кој ќе има задача да ги координира сите институции под надлежност на извршната власт со цел да се максимизираат капацитетите во борбата против корупцијата.

Избори 2024

На 22 мај, прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица

Avatar

Published

на

На 22 Мај во Среда прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица, според одлуката која ја донесе Државната изборна комисија откако Управниот суд ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на ДИК.

Државната изборна комисија ги усвои приговорите за прегласување во Желино,   ИМ 2101  поднесен од Коалицијата„ Влен“, во Охрид,  ИМ 1272   поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“, во Крушево,  ИМ 1194 и ИМ1202  поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“, Струга,  ИМ 1844 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“ и Коалицијата „ За Европска иднина“ и во Долнени,  ИМ 1470 и ИМ 1470/1 поднесен од Коалицијата „ Твоја Македонија“.

„Останатите приговори за избирачки места во Битола, Ресен, Гостивар, Долнени, Струга, Кичево, Демир Хисар, Чаир, Гази Баба,  се одбиени или повлечени. Секоја заинтересирана страна има право на тужба до Управен суд во рок од 24 часа по одлуката на ДИК, а Управниот суд одлучува во рок од 48 часа по поднесена тужба. После одлуката на Управниот суд, ДИК ќе излезе со конечен извештај за резултатите, односно доколку има избирачки места каде што ќе се поништи гласањето, дополнително ќе се направи симулација дали бројот на запишани гласачи во избирачките места каде што би се поништило гласањето, влијае на резултатот во распределба на мандатите. Во зависност од тоа ДИК по одлуките на Управниот суд, ќе донесе заклчок за евентуално прегласување на определени избирачки места“ соопштува ДИК.

Прочитај повеќе

Македонија

ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ВАС ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА НАС, реагира Сојуз на Синдикати на Македонија- ССМ

Avatar

Published

на

ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА ВАС ПАТНИ ТРОШОЦИ ЗА НАС, реагира Сојуз на Синдикати на Македонија- ССМ.

Се прашуваат зошто бараме враќање на трошоците за превоз до и од работното место.

Пратениците наплатиле 1.124.915 евра за патни трошоци од август 2020 година до декември 2023 година, или во 2022 година за патни трошоци наплатиле 426.360 €, а во 2023 година 366.740 €.

Работниците трошат до 20 % од својата плата за да дојдат на своето работно место и да се вратат дома“, стои во реацијата на ССМ.

Прочитај повеќе

Македонија

Левица: 366 ИЛЈАДИ ЕВРА за патни торшоци за пратениците од коалицијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ за една година. Крмов и Апасиев не земаа ниту денар

Avatar

Published

на

„Пратениците на широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ како и „Албанската опозиција“ само во 2023 година сложно имаат украдено од народниот буџет 366 ИЛЈАДИ ЕВРА во име на фамозните „патни трошоци“, соопштиваат од Левица од каде додаваат дека наспроти нив, пратениците од редовите на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев, во својот мандат заедно имаат земено 0 ДЕНАРИ за патни трошоци.

,,На вакви плати нема никаков основ да се исплаќаат средства за патни трошоци. Тоа е и програмска заложба на Левица – патните трошоци да бидат укинати”, изјави пратеникот Борислав Крмов за ТВ Стар.

„За потсетување, Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на „народните избраници“. Овој предлог – закон беше експресно одбиен од страна на широката коалиција ДПМНЕ-СДС“ велат од Левица.

Пратениците на Левица најавуваат дека и во овој мандат нема да земат ниту денар за патни трошоци.

Прочитај повеќе