Радовиш
ООУ „Крсте П. Мисирков“ домаќин на Државно првенство во Гимнастика за ученици од Основните училишта
Published
2 години agoна
By
Media PressООУ „Крсте П. Мисирков“ од Радовиш денеска е домаќин на Државното првенство во Гимнастика за ученици од Основните училишта.
Околу 90 дечиња од различни училишта учествуваа во натпреварите во спортска гимнастика кој се одржа денеска во Спортската сала на ООУ „Крсте П. Мисирков“.
Натпреварот е во организација на Општинскиот сојуз на училишни спортови Радовиш и Федерацијата на училишни спортови. Истиот е поддржан од Општина Радовиш. На натпреварот беше присутен и претставник од општината, односно секретарот Љупче Почивалец.
Поврзани содржини
ООУ „Крсте Петков Мисирков“организира хуманитарен настан: Играме одбојка за инклузивна градина
Oдбележан 21 март -Денот на пролетта и Светскиот ден на поезијата во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш
Кои се придобивките од здравиот начин на исхрана, предавање во ООУ” Крсте Петков Мисирков” во Радовиш
ООУ „Крсте Петков Мисирков“, Радовиш, беше домаќин на Општински натпревар по математика
Со пригодна програма ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш го одбележа својот Патронен празник
Со програма за пречек на првачињата започна новата учебна година во ООУ Крсте Петков Мисирков, Радовиш
Радовиш
Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш
Published
18 часа agoна
март 27, 2024By
Media PressГрадоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.
„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.
Радовиш
Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш
Published
22 часа agoна
март 27, 2024By
Media PressБидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.
Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.
Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.
Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.
Радовиш
На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината
Published
3 дена agoна
март 25, 2024By
Media PressНа 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.