Радовиш
Советот на Општина Радовиш ја одржа 12-та итна седница
Published
2 години agoна
By
Media PressСоветот на Општина Радовиш ја одржа 12-та итна седница со дневен ред од 9 точки. Итноста на седницата беше поради изгласување на две Предлог одлуки за ставање вон сила на Одлуки за давање согласност на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈП за стопанисување со спортски објекти „Радовиш -2014“, едната од 13 април и другата од 03 мај годинава.
Потоа Предлог одлука за давање согласност на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈП за стопанисување со спортски објекти „Радовиш -2014“, за што даде образложение заменскиот претседател на Советот Страхил Гавритов, дека сето ова е на барање на централен регистер при обидот за упис на нови дејности.
Советот на Општина Радовиш на вчерашната итна седница изгласа и три Предлог Одуки за сопствено учество за аплицирани предлог проекти преку Програма за рамномерен регионален развој за 2022 година, со индикативно планирани средства за 2023 година, поднесени преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, за што образложение даде градоначалникот Ацо Ристов.
На одржаната итна седница беше додадена и дополнителна точка од денвниот ред за констатирање на оставка на Александар Кулашиќ од местото Советник во Советот на Општина Радовиш, кој од денеска е новиот комадир на ТППЕ од Радовиш со решение од општината.
Поврзани содржини
На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината
Се опремува ТППЕ во Радовиш, ново Противпожарно возило (Волво) донација од Операција Флоријан
Ристов: Старата Стоковна куќа во Радовиш добива ново име и нова функција
Во сабота, во Радовиш, добротворен маратон под мотото “Маратон за Сандра”
Радовишките крводарители пример за хуманост и солидарност
Нарушен јавниот ред и мир во село Подареш, со физичка пресметка помеѓу три лица
Радовиш
Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media PressГрадоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.
„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.
Радовиш
Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media PressБидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.
Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.
Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.
Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.
Радовиш
На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината
Published
4 дена agoна
март 25, 2024By
Media PressНа 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.