Connect with us

Радовиш

Советот на Општина Радовиш ја одржа 12-та итна седница

Media Press

Published

на

Советот на Општина Радовиш ја одржа 12-та итна седница со дневен ред од 9 точки. Итноста на седницата беше поради изгласување на две Предлог одлуки за ставање вон сила на Одлуки за давање согласност на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈП за стопанисување со спортски објекти  „Радовиш -2014“, едната од 13 април и другата од 03 мај годинава.

Потоа Предлог одлука за давање согласност на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈП за стопанисување со спортски објекти  „Радовиш -2014“, за што даде образложение заменскиот претседател на Советот Страхил Гавритов, дека сето ова е на барање на централен регистер при обидот за упис на нови дејности.

Советот на Општина Радовиш на вчерашната итна седница изгласа и три Предлог Одуки за сопствено учество за аплицирани предлог проекти преку Програма за рамномерен регионален развој за 2022 година, со индикативно планирани средства за 2023 година, поднесени преку  Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, за што образложение даде градоначалникот Ацо Ристов.

 На одржаната итна седница беше додадена и дополнителна точка од денвниот ред за констатирање на оставка на Александар Кулашиќ од местото Советник во Советот на Општина Радовиш, кој од денеска е новиот комадир на ТППЕ од Радовиш со решение од општината.

Радовиш

Во посета на Општина Радовиш, делегации од збратимените општини Селчук и Ташкопру од Република Турција

Media Press

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши прием на гостите од збратимените општини Селчук и Ташкопру од Република Турција, кои престојуваат во Радовиш по повод традиционалната манифестација “Јуручки фестивал”, која се одржува викендов во с.Бучим. Од Општина Ташкопру во посета на Радовиш е градоначалникот Исмаил Арслан а од Општина Селчук, заменик градоначалникот Шабан Серкан.

Градоначалникот Ристов им посака срдечно добредојде на гостите од збратимените општини потенцирајки дека секогаш ја поддржуват манифестацијата „Јуручки фестивал“ со што се негува соживотот со турското население во општината, почитувајќи ја нивната традиција. Но тој особено посака соработката да се прошири и на економски план, за општините да имаат можности заеднички да аплицираат и имплементираат меѓународни проекти кои уште повеќе ќе ги доближат двата братски народи.

Истото го посакаа и гостите од Турција изразувајќи задоволство што се во посета на Радовиш и на Македонија.

На приемот, во знак на благодарност за долгогодишното пријателство беа разменети сувенири и подароци од општините, а исто така беа упатени искрени желби за продолжување и проширување на соработката на повеќе полиња.

Општина Радовиш е збратимена со општина Селчук од 1994 год. а со општина Ташкопру соработката започнала од 2015 год.

Прочитај повеќе

Радовиш

Стапува на сила забраната за движење во шуми, од Општина Радовиш апелираат за почитување на забраната бидејќи се предвидени високи казни

Media Press

Published

на

Од денеска стапува на сила забраната за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот. Од Општина Радовиш апелираат до граѓаните да ја почитуваат забраната бидејќи се предвидени високи казни, а истовремено со оваа забрана се заштитуват шумите од појава на пожари.

Инаку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“ – Скопје, ја воведува забраната со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.

– Делумната забрана за движење во шума ќе стапи на сила од 24.06.2022 година и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзиното отповикување, се наведува во соопштението на „Национални шуми“.

Од таму посочуваат дела оваа делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, стручните служби на концесионерите на дивечот во ловиштата и лица коишто имаат писмено одобрени за движење во шумите.

– Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“ за подрачјето со кое стопанисуваат/управуваат, се наведува во соопштението, при што се додава дека за спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП „Национални шуми“ кои вршат дејност заштита, Шумската полиција и МВР.

За непочитување на оваа забрана на физичките лица кои ќе бидат затекнати дека се движат во шума и шумско земјиште, ќе им биде изречена парична казна од 1500 до 2000 евра во денарска противвредност.

Прочитај повеќе

Радовиш

Општина РАДОВИШ ќе става крај на дрвокрадството и на дивите депонии кон планината Плачковица

Media Press

Published

на

Општина Радовиш ќе става крај на дрвокрадството и на дивите депонии кон планината Плачковица за што веќе е поставен првиот монтажен објект за контрола и мониторинг на патот.

Намената на оваа монтажна канцеларија-контејнер ќе биде за престој на службените лица кои ќе вршат мониторинг и контрола, со цел спречување на загадувањето на животната средина  со диви депонии и контрола на дрвокрадството. Градоначалникот Ацо Ристов рече дека општината сериозно се зафати да го реши овој проблем и ова е првиот чекор.

„Од овде ќе се врши мониторинг на лицата и возилата кои одат кон планината Плачковица и во околината. Идејата е да се ангажираат сите служби  кои се задолежни за чување на шумите и околината од фрлање на шур и смет. Ќе бидат фклучени Шумската полиција, Општина Радовиш преку Противпожарната единица и ЈП   Македонски шуми. Овде ќе воспоставиме  24 -часовна контрола на сите оние кои се дрвокрадци и сите оние кои ја уништуваат шумата и ја загадуваат околината. Ние сме сериозни во намерата да се справиме со дрвокрадството“ рече градоначалникот Рстов кој денеска беше  во посета на локацијата каде е поставен монтажниот објект.

Градоначалникот додаде дека оваа локација е прва каде што се поставува ваква служба и доколку  се покаже како практично вакви монтажни контењери ќе се постават уште на две локации, едната е по Радовишка река  и другата локација на патот кон селото Смиланци.

  Инаку од денеска стапува на сила делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот.

ЈП Национални шуми информира дека секој може да се движи во шума со претходно добиена дозвола. Дозволите се издаваат во 30-те подружници на Национални шуми.

Прочитај повеќе