Гевгелија
Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија

Published
1 месец agoна
By
Media Press
Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги информира жителите на Гевгелија и околните населени места дека во деновите 19.05.2022 и 22.05.2022 година во времето од 07.00 до 15.00 часот ќе спроведе активности со боева муниција на место викано „Караорман“.
Поврзани содржини
Оштетените граѓани од гевгелиско можат да достават барање за утврдување на штетите од вчерашното невреме
Уште 34 граѓани можат да добијат субвенции од Општина Гевгелија за набавка на велосипед, продолжен Јавниот повик
ФЛОРИТ -Гевгелија од утре стартува со реализација на проктот за иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор
Во Гевгелија, се одржува 10 Меѓународен натпревар за млади пијанисти
Кривична пријава против мигрант за повреди на друго лице мигрант кое подоцна починало
Два случаи на физички напад и една сообраќајна несреќа во Југоистокот пријавени во текот на вчерашниот ден
Гевгелија
Оштетените граѓани од гевгелиско можат да достават барање за утврдување на штетите од вчерашното невреме

Published
2 дена agoна
јуни 24, 2022By
Media Press
Вчера, населените места Серменин, Ново Конско и Моин во попладневните часови беа зафатени од невреме проследено со град. Иако краткотрајно, поради силината, градот предизвика сериозни штети врз земјоделските посеви.
Поради тоа, Општина Гевгелија ги известува граѓаните кои претрпеа штети дека од денеска, во просториите на Општина Гевгелија, можат да поднесат барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Гевгелија.
Во прилог на барањето, кое треба да се подигне од пултот на влезот во општинската зграда, оштетените граѓани треба да достават имотен лист, договор за закуп, документи за машини или опрема, документи за жива стока или други документи, во зависност од тоа што е оштетено. По што, согласно законските прописи, Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата ќе постапи по доставените барања, информираат од Општина Гевгелија.
Гевгелија
Уште 34 граѓани можат да добијат субвенции од Општина Гевгелија за набавка на велосипед, продолжен Јавниот повик

Published
5 дена agoна
јуни 21, 2022By
Media Press
На отворениот Јавен повик на Општина Гевгелија за доделување субвенции на граѓани за набавка на велосипед, до денеска, аплицирале 66 граѓани од општина Гевгелија. Согласно Одлуката на Советот на Општина Гевгелија, до потрошувањето на утврдената сума од 500.000 денари (на 100 граѓани по 5.000 денари), остануваат субвенции уште за 34 лица.
„Со оглед на тоа дека бројот на апликации не е исполнет, Општина Гевгелија ги информира граѓаните дека, на 21 јуни, 2022 година, вторник, Kомисијата за спроведување на Јавниот повик за доделување субвенции на граѓани за набавка на велосипед ќе продолжи со примање апликации сè до потрошувањето на утврдената сума од Буџетот на Општина Гевгелија за таа намена. Доделувањето на субвенциите се врши по принципот „прв дојден, прв услужен“ информираат од општина Гевгелија.
Од општината потсетуваат дека потребната документација треба да се достави во затворен коверт со назнака: „За Јавниот повик за субвенционирање за купување велосипеди во општина Гевгелија за 2022 година“, во просториите каде е сместена Фондацијата за локален економски развој и развој на информатички технологии- Гевгелија (Стара градинка, ул. „Маршал Тито“ бр. 60, Гевгелија), во периодот од 08:00 до 16:00 часот.
Гевгелија
ФЛОРИТ -Гевгелија од утре стартува со реализација на проктот за иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор

Published
1 недела agoна
јуни 16, 2022By
Media Press
Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија, утре, ќе го реализира почетниот состанок (kick-off meting) во рамки на проектот: „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“ со акроним „IDEAS“. Со тоа, ќе биде означен и официјален почеток на проектот.
На работниот состанокот ќе присуствуваат претставници од партнерските организации од Американското земјоделско училиште од Солун, Грција, како и од Мрежата за рурален развој од Скопје. На состанокот, ќе присуствуваат и претставници од Заедничкиот технички секретаријат од Солун, кои ќе ги мониторираат проектните активности.
Состанокот е закажан со почеток во 11:00 часот, во Хотел Аполонија – Гевгелија.Проектот „IDEAS“ е аплициран во Вториот повик на ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија, за програмскиот период 2014 – 2020” и е финансиран од Европската Унија и Националните фондови на земјите учеснички.

Во посета на Општина Радовиш, делегации од збратимените општини Селчук и Ташкопру од Република Турција

Оштетените граѓани од гевгелиско можат да достават барање за утврдување на штетите од вчерашното невреме

Стапува на сила забраната за движење во шуми, од Општина Радовиш апелираат за почитување на забраната бидејќи се предвидени високи казни

Општина РАДОВИШ ќе става крај на дрвокрадството и на дивите депонии кон планината Плачковица
