Connect with us

Радовиш

Радовишките пожарникари учествуваа во обука за давање на прва помош одржана од НАТО контингентот во Македонија

Avatar

Published

на

Дел од пожарникарите од ТППЕ од Радовиш денеска учествуваа во теоретска и практична медицинска обука за давање на прва помош при несреќи и пожари, која ја одржа воениот корпус  на НАТО во Македонија, а во организација на Општина Радовиш.

Градоначалникот Ацо Ристов  ја посети обуката која се одржа во Спортската сала „25 Мај“ во Радовиш и притоа рече дека оваа активност е со цел за развој и унапредување на противпожарната единица и успешно справување во претстојниот летен период.

Градоначалникот Ристов изрази благодарност до НАТО контингентот за одржаната медицинска обука и притоа упати апел до граѓаните за внимателно однесување во природа во летниот период, кога ризикот од појава на пожари е поголем поради високите температури.

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе

Радовиш

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.

На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.

Прочитај повеќе

Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.

Прочитај повеќе