Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш објави ЈАВЕН КОНКУРС за доделување на 15 стипендии за упис на студенти на Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје

Avatar

Published

на

Врз основа на склучениот Меморандум за соработка помеѓу општина Радовиш и Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје, Градоначалникот на општина Радовиш, распишува

ЈАВЕН КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА 15 (ПЕТНАЕСЕТ) СТИПЕНДИИ ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ – СКОПЈЕ

1. ЕЛС општина Радовиш и Универзитетот за туризам и менаџмент доделуваат 15 (петнаесет) стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година а ќе важат за период од четири години заклучно со 2026 година,

2.Стипендиите се во износ од вкупно 7000 евра, а ќе се доделуваат на следниот начин: во Прва година 1000 евра, а во Втора, Трета и Четврта година по 2000 евра.

3.Стипендиите важат за запишување на следните Факултети од Универзитетот за туризам и менаџмент:

-Факултет за туризам

-Економски факултет

-Факултет за меѓунроден маркетинг менаџмент

-Факултет за менаџмент на човечки ресурси

-Факултет за информатика

4. Услови за доделување на стипендии

Право за конкурирање имаат сите дипломирани средношколци кои завршиле средно образование во СОУ „Коста Сусинов“, се жители од општина Радовиш и државјани на Република Северна Македонија.

Потребни документи за учество на конкурсотсе:

1. Барање до општина Радовиш;

2. Фото копија од лична карта, или пасош;

3. Свидетелства за прва, втора, трета и четврта година средно;

4. Диплома за завршено средно образование;

5. Уверение за дравјанство;

6. Трансакциска сметка (на кандидатот што конкурира);

7. Семејно уверение;

8. Уверение од УЈП за остварени приходи на родителите или старателите за 2021год.;

Изборот на кандидатите ќе го изврши комисија која ќе биде формирана од страна на Градоначалникот на општина Радовиш. Предност во доделувањето на стипендиите ќе имаат одлични ученици, ученици од социјално загрозени семејства, ученици кои се деца без родители и ученици од ранливите категории граѓани.

Барањата со потребните документи се доставуваат во Архивата на општина Радовиш во затворен плик со назнака: „За конкурс за стипендирање на Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје “. Рокот за поднесување на документите е 20 работни дена заклучно со 08.06.2022 година. Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат.

Резултатите ќе бидат објавени во рок од 10 дена од завршувањето на конкурсот, на огласната табла во општина Радовиш и на ВЕБ страната на општина Радовиш.

По објавувањето на резултатите, незадоволните кандидати во рок од 5 (пет) дена, можат да поднесат приговор до Комисијата или до Градоначалникот на општина Радовиш. Комисијата е должна во рок од 5 (пет) дена да одговори на доставениот Приговор.

Радовиш

Пријавила во полиција дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната

Avatar

Published

на

На 28.03.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Радовиш, Ф.К.(20) од Радовиш пријавила дека на ул.„Калаузлиска“ во Радовиш била физички нападната од М.А. од Радовиш. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе

Македонија

Ценовник за ППР за Парламентарни избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Парламентарни избори- 2024) за избори на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)

Avatar

Published

на

Ценовник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, на Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.

Прочитај повеќе