Connect with us

Струмица

Кривична за струмичанец, украл делови од фрижидерите од пред неколку маркети во Струмица

Avatar

Published

на

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Д.Г.(37) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и кривични дела „предизвикување на општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Пријавениот Д.Г., кривичните дела ги извршил во периодот од 21.02.2022 до 30.03.2022 на тој начин што во повеќе наврати со употреба на сила и алат пресекол и украл делови од надворешните единици на фрижидерите во неколку маркети во Струмица, како и делови од гасоводната инсталација на два објекта во Струмица.

Регион

Пронајдена и одземена марихуана, пријава за физички напад, дел од вчерашниот билтен на СВР Струмица

Avatar

Published

на

На 22.11.2023 година во 21.25 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.Ш.(23) од Струмица. При преглед на патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против Н.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.11.2023 во 10.25 часот во Полициската станица Струмица, Ж.Т.(64) од Струмица пријавила дека на 20.11.2023 во Струмица била физички нападната од Е.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.11.2023 во 11.50 часот во Полициската станица Струмица Е.А.(68) од село Радичево, струмичко, пријавила дека во село Радичево била касната од куче скитник.

Прочитај повеќе

Струмица

Завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници во Општина Струмица

Avatar

Published

на

Во населените места Добрејци и Просениково се одржаа последните средби со граѓаните од Општина Струмица, со што и завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници.

На средбите градоначалникот Костадин Костадинов со неговиот тим, советници и претставници на општинските јавни претпријатија, со граѓаните разговараа на актуелни теми, ги разгледуваа реалните потреби и ги утврдија приоритетните проекти коишто ќе се реализираат следната година со средства од општинскиот буџет, информираат од општината.

„Со јавните собири и буџетскиот форум, општина Струмица уште еднаш го потврди високото ниво на транспарентност и отчетност во своето работење и активното учество на граѓаните во креирањето на локалните политики и општинскиот развој“ вели градоначалникот Костадин Костадинов кој е иницијатор на ваквите средби со цел активно вклучување на граѓаните во креирањето.

Прочитај повеќе

Струмица

Пет лица од струмичко вршеле јавен превоз, без да поседуваат соодветна документација

Avatar

Published

на

Во периодот од 23.15 часот на 17.11.2023 до 04.00 часот на 18.11.2023 на магистрален пат Радовиш – Штип и на локален пат за село Тополница, радовишко, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш извршиле контрола на три патнички возило „фиат“, едно патничко возило „мерцедес“ и едно патничко возило „фолксваген“, сите со струмички регистарски ознаки, управувани од жители на Струмица и струмичко. При контролата било констатирано дека лицата со возилата вршат јавен превоз, без да поседуваат соодветна документација. По целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Прочитај повеќе