Започна процесот за изработка на „Стратегијата за Локален Одржлив Развој на општина Радовиш“
Вчера, со почеток во 13:00 часот во просториите на ресторан „МАГ МАРГ“ во Радовиш, се одржа Првата сесија од процесот на изработка на „Стратегијата
за Локален Одржлив Развој на општина Радовиш“. На сесијата беше презентирана методологијата за изработка на стратегијата.
„Грижата за локален одржлив развој на општината е основната алка во ланецот за постигнување успех. Во таа насока и со цел долгорочно да обезбедиме поквалитетен живот на граѓаните, започнавме со изработка на „Стратегија за Локален Одржлив Развој на општина Радовиш. Креирањето на сеопфатна стратегија, претставува насока по која треба да се движи општина Радовиш, бидејќи располага со потенцијално богатство кое сеуште е недоволно искористено и има простор за остварување на многу успешни проекти“, рече Игор Чапов како претставник од
Општина Радовиш во воведот на вчерашната прва сесија од процесот за изготвување
на Стратегијата.
Креирањето на стратегијата ја образложија Александар
Јашков и Столе Ѓеоргиев кои се во улога на модератори од граѓански
здруженија.
Беа формирани пет работни групи од различни дејности; ЛЕР Јавни и социјални дејности, Животна средина, Економски развој, Урбан развој и Добро управување. кои ќе спроведат анализа на моменталната состојба и ќе ги идентификуваат проблемите на локално ниво, но ќе ги ќе ги потенцираат и слабите и јаките страни во локалниот систем на управување.