Македонија

Штрајк на регионалните и локалните радиодифузери – прекин на програмата на секој час и неследење настани

Од денеска, 05.05.2022 год., регионалните и локалните радиодифузери ја прекинуваат програмата со аудиовизуелната содржина -Штрајк, на секој реален час по 5 минути и престануваат да следат настани од дневно-информативен карактер во регионот во кој емитуваат програма, информираат од здружението, Медиум Објектив.

Согласно одлуката на Здружението и известувањето од 16.04.2022 до надлежните институции, за почеток на штрајкот и негова реализација од 26.04.2022 година, регионалните и локалните радиодифузери, изминатите 10 дена по половина час во прајм тајм ја прекинуваа програмата со аудиовизуелна содржина, во која се наведува дека изразуваат револт заради игнорантскиот однос кон барањата на Здружението и неговите членки, испратени и препратени повеќе пати до Владата и надлежните институции уште од месец ноември 2021 година.

“Од Владата и надлежните институции до денеска нема никаков одговор и затоа штрајкот продолжува со втората фаза односно со прекинување на програмата секој реален час по 5 мин. и  непокривање настани од дневно-информативен карактер во локалната заедница во која емитуваат програма”, велат од Медиум Објектив.

Во дописот до Владата, како што информираат оттаму се барало дискусија околу актуелната лоша состојба на регионалните и локалните радиодифузери и решавање на следните проблеми: Владата да донесе Одлука со која ќе обезбеди дополнителна финансиска помош од 50% за покривање на трошоците за надоместокот за дозволите за 2022 година, да се покријат трошоците за дигиталниот мултиплекс 2022 година кон А1 Македонија за регионалните тв станици кои емитуваат програма преку ДВБ-Т и да се надоместат трошоците на оние тв станици кои емитуваат програма преку оператор на јавна комуникациска мрежа и кон истиот вршат плаќање. Понатаму се бара измена и дополнување на членот 102 од Законот за ААВМУ со конкретен предлог и измена и дополнување на одредени членови во Законот за медиуми и Законот за ААВМУ во делот на формулата за плаќање на дозволата, во делот на висината на казнените одредби и во одредени уредби кои произлегуваат од законската регулатива. Регионалните и локалните радиодифузери исто така бараат формирање т.н Фонд за медиуми со кој би се субвенционирале програмски содржини со регионална и локална тематика, заради развој на програмската понуда и стимулитрање на демократскиот плурализам во општеството.

Од Здружението велат дека штрајкот ќе трае се додека Владата и надлежните институции не понудат решенија за настанатите проблеми или не создадат услови за преговори. 

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago