Connect with us

Радовиш

Започна процесот за изработка на „Стратегијата за Локален Одржлив Развој на општина Радовиш“

Avatar

Published

на

Вчера, со почеток во 13:00 часот во просториите на ресторан „МАГ МАРГ“ во Радовиш, се одржа Првата сесија од процесот на изработка на „Стратегијата за Локален Одржлив Развој на општина Радовиш“. На сесијата беше презентирана методологијата за изработка на стратегијата.

„Грижата за локален одржлив развој на општината е основната алка во ланецот за постигнување успех. Во таа насока и со цел долгорочно да обезбедиме поквалитетен живот на граѓаните, започнавме со изработка на „Стратегија за Локален Одржлив Развој на општина Радовиш. Креирањето на сеопфатна стратегија, претставува насока по која треба да се движи општина Радовиш, бидејќи располага со потенцијално богатство кое сеуште е недоволно искористено и има простор за остварување на многу успешни проекти“, рече Игор Чапов како претставник од Општина Радовиш во воведот на вчерашната прва сесија од процесот за изготвување на Стратегијата.

Креирањето на стратегијата ја образложија Александар Јашков  и Столе Ѓеоргиев  кои се во улога на модератори од граѓански здруженија.

Беа формирани пет работни групи од различни дејности; ЛЕР Јавни и социјални дејности, Животна средина, Економски развој, Урбан развој и Добро управување.   кои ќе спроведат анализа на моменталната состојба и ќе ги идентификуваат проблемите на локално ниво, но ќе ги ќе ги потенцираат и слабите и јаките страни во локалниот систем на управување.

Радовиш

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш го одбележа Меѓународниот ден на книгата и авторското право

Avatar

Published

на

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш го одбележа Меѓународниот ден на книгата и авторското право.

Одбележувањето беше со објавување на резултатите од традиционалниот награден конкурс за ученици од основно образование на тема: ,,Книгата и знаењето – цел универзум” што библиотеката го распиша по повод овој Меѓународен ден.

Во рамките на ова, за најдобра песна беше прогласена творбата на ученичката Јована Ѓоргиева од ПОУ ,,Орце Николов” од село Злеово. За второ наградена песна беше песната на ученикот Ѓорге Газепов од ООУ ,,Крсте Петков – Мисирков” од Радовиш. а третопласирана беше творбата на ученичката Данче Митковска од ООУ ,,Коста Рацин”- од село Подареш.

На останатите учесници на конкурсот како и на менторите на учениците, им беа доделени признанија за учество на конкурсот.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОУ Никола Карев од Радовиш го одбележа својот патронен празник

Avatar

Published

на

ОУ Никола Карев од Радовиш со пригодна програма го одбележа својот патронен празник. Беше одржана свечена академија и спортски натпревари. Исто така беа доделени и награди и признанија за освоени прво второ и трето место во спортски натпревари и во литературен конкурс, како и благодарници за успешна соработка.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовишанец извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село

Avatar

Published

на

На 24.04.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45 годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во  повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Исто така во текот на вчерашниот ден имало уште неколку пријави за физички напад.

На 24.04.2024 во 23.40 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле О.С.(29) од село Покрајчево, радовишко. Тој околу 22.30 часот во село Покрајчево учествувал во физичка пресметка со К.С.(60) од село Покрајчево, со што го нарушиле јавниот ред и мир.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 24.04.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Радовиш А.С.(36) од Радовиш пријавил дека околу 20.00 часот на ул. „Мирче Ацев“ во Радовиш бил физички нападнат од Е.Б. и Б.„Н“. и двајцата од Радовиш. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе