Connect with us

Радовиш

Литературната манифестација за деца и млади „ Пролет на сребрените соништа“ и годинава ќе се одржи во Радовиш

Media Press

Published

на

Петтата по ред ” Пролет на срeбрeните соништа”- Радовиш 2022 и годинава почна да расцутува и ќе се одржи на 06 и 07 мај. 

Манифестацијата ќе започне на 6 мај во петок со почеток во 13 часот, со Портрет на писателот за деца и млади Киро Донев, со промоција на книгата „Календар на детството“ кој ќе се одржи во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш.

Во сабота на 07 мај со почеток во 12;30 часот во Центарот за култура Ацо Караманов во Радовиш ќе се одржи свечено доделување на дипломите на учениците и на наставниците- ментори. Потоа ќе следува промоција на книгата „Тајната на сината самовила“ од Весела Богдановиќ, а промотори ќе бидат д-р Лили Бошевска и м-р Матилда Бајкова.

Литературната манифестација ПРОЛЕТ НА СРЕБРЕНИТЕ СОНИШТА„ 2022 е во организација на Здружението на граѓани „Невена, за тебе, за мене за нас“, Радовиш, во соработка со ЦК Ацо Караманов од Радовиш.

Одборот на поетската манифестација за деца и млади „ Пролет на сребрените соништа“, која оваа година се одржува по петти пат и жири комисијата од вкупно пристигнатите творби  одбра само 25, кои оваа година ќе го понесат епитетот НАЈДОБРА ПЕСНА за 2022 година на литературната манифестација „ПРОЛЕТ НА СРЕБРЕНИТЕ СОНИШТА„ Радовиш, 2022.  Избраните најдобри 25 поетски творби за 2022 година се од ученици од цела Македонија

Радовиш

Радовиш, домаќин на САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022

Media Press

Published

на

Денес за прв пат во Радовиш, но и во Македонија се одржува САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022. Учесници се тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect, во соработка со ЛАГ Плачковица како домаќин и ЛАГ Абер 2015, ЛАГ Беласица-Огражден, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Малеш-Пијанец како партнери. На настанот се обратија Џери Дајбл, претставничка на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија и Абдулшуќур Абедини заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Помеѓу присутните се и градоначалници на општините од регионот како и претставници од граѓанскиот и приватниот сектор од државата и земјите од Западен Балкан и ЕУ. ЛАГ ЕКСПО 2022 е прв саем од ваков тип во нашата земја каде низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од Македонија, Албанија, Србија, Косово и Хрватска ги претставија своите активности и дискусии за локалниот развој кој ги засега сите рурални заедници. САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА започна со свечено отварање од страна на градоначалникот на општина Радовиш г-дин Ацо Ристов. Поставени се штандови од повеќе општини кои ги претставија своите производи и активности кои се реализираат на териториите на ЛАГ-овите Бојмија, Беласица-Огражден, Малеш-Пијанец, Абер 2015 и Плачковица, пропратено со пригодна културно-уметничка програма.Целта на настанот е да се презентираат и да се споделат искуствата на Локалните акциски групи од Република Северна Македонија, како и од земјите на Западен Балкан и Европската Унија согласно LEADER пристапот како дел од политиките за локален/рурален развој.Програмата на УСАИД за развој на заедницата го унапредува одржливиот развој на руралните средини во Северна Македонија преку зголемена вклученост на локалните чинители во препознавање и приоретизација на вистинските потреби на заедницата – при тоа потпирајќи се на сопствените ресурси и на зголемениот ангажман на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во заедничките социо-економски и еколошки иницијативи.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовиш ќе биде домаќин на САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022, во организација на ЛАГ Плачковица

Media Press

Published

на

Радовиш ќе биде домаќин на САЕМ ЗА ЛОКАЛЕН РАЗВОЈ – ЛАГ ЕКСПО 2022. На поставени штандови од 18 општини, околу 50 изложувачи ќе ги претстават своите производи и активности кои се реализираат на териториите на ЛАГ-овите. Саемот ќе се одржи во петок, на 23 септември 2022 година, пред Центарот за култура „Ацо Караманов” во Радовиш, со почеток во 14:00 часот, во рамките на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Македонија и Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect, во соработка со ЛАГ Плачковица како домаќин и ЛАГ Абер 2015, ЛАГ Беласица-Огражден, ЛАГ Бојмија и ЛАГ Малеш-Пијанец како партнери.

САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ќе започне во 14:00 часот, со свечено отварање од страна на градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов а домаќин ќе биде ЛАГ Плачковица.

ЛАГ ЕКСПО 2022 е прв саем од ваков тип во Радовиш и во Македонија, каде низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од Македонија, и гостите од Албанија, Србија, Косово Босна и херцеговина и Хрватска ќе ги претстават своите активности и ќе дискутираат за локалниот развој кој ги засега сите рурални заедници.

САЕМСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА ќе започне во 14 часот и ќе трае до 18 часот. Целта на настанот е да се презентираат и да се споделат искуствата на Локалните акциски групи од Република Македонија, како и од земјите на Западен Балкан и ЕвропскатаУнија

Прочитај повеќе

Радовиш

Реализиран настан „Возење велосипеди – промовирање на велосипедот како превозно средство“ во организација на ООУ Никола Карев, Радовиш

Media Press

Published

на

ООУ „Никола Карев“, Радовиш денеска реализира настан „ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ – ПРОМОВИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДОТ КАКО ПРЕВОЗНО СРЕДСТВО.

„Настанот се организира по повод Меѓународниот ден на мирот – 21 Септември и Меѓународниот Ден без автомобили 22 Септември, а во согласност со програмата на училиштето за одбележување на еколошки и други важни датуми“, истакна директорот на ООУ Никола Карев, Радовиш, Кире Јанковски.

Настанот се реализира со ученици од предметна настава за време на 4-ти час.

Истиот беше обезбеден со полициска придружба и асистенција на утврдената маршрута, со претходно доставено барање до надлежниот орган, ОВР Радовиш.

Прочитај повеќе