Радовиш
Започна процесот за изработка на „Стратегијата за Локален Одржлив Развој на општина Радовиш“

Published
2 недели agoна
By
Media Press
Вчера, со почеток во 13:00 часот во просториите на ресторан „МАГ МАРГ“ во Радовиш, се одржа Првата сесија од процесот на изработка на „Стратегијата за Локален Одржлив Развој на општина Радовиш“. На сесијата беше презентирана методологијата за изработка на стратегијата.

„Грижата за локален одржлив развој на општината е основната алка во ланецот за постигнување успех. Во таа насока и со цел долгорочно да обезбедиме поквалитетен живот на граѓаните, започнавме со изработка на „Стратегија за Локален Одржлив Развој на општина Радовиш. Креирањето на сеопфатна стратегија, претставува насока по која треба да се движи општина Радовиш, бидејќи располага со потенцијално богатство кое сеуште е недоволно искористено и има простор за остварување на многу успешни проекти“, рече Игор Чапов како претставник од Општина Радовиш во воведот на вчерашната прва сесија од процесот за изготвување на Стратегијата.
Креирањето на стратегијата ја образложија Александар Јашков и Столе Ѓеоргиев кои се во улога на модератори од граѓански здруженија.

Беа формирани пет работни групи од различни дејности; ЛЕР Јавни и социјални дејности, Животна средина, Економски развој, Урбан развој и Добро управување. кои ќе спроведат анализа на моменталната состојба и ќе ги идентификуваат проблемите на локално ниво, но ќе ги ќе ги потенцираат и слабите и јаките страни во локалниот систем на управување.

Поврзани содржини
Општина Радовиш повторно распишува ЈАВЕН ПОВИК за избор на членови за формирање на Локален младински совет
Општина Радовиш објави ЈАВЕН КОНКУРС за доделување на 15 стипендии за упис на студенти на Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје
Општина Радовиш стана дел од проектот за зајакнување на капацитетите на локалните самоуправи
Општина Радовиш во тековниот период планира сериозни активности преку програмата за Прекугранична соработка
И денеска предупредувачки протест на вработените во локалната самоуправа, правосудството и органите
Предадени уметнички слики од здружението ДЛУР„Рада“ на Општина Радовиш
Радовиш
Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Published
16 часа agoна
мај 17, 2022By
Media Press
Народното творештво отсекогаш било плодна почва за научни и теоретски истражувања од повеќе аспекти. Едно од таквите научни истражување е магистарскиот труд „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на М-р Александар Ицов од Радовиш, со што гајдаџиството од радовишко како културно наследство конечно е сместено во книга.

Во рамките на Саемот на книги кој вчера беше отворорен во ОНБ Браќа Миладиновци, беше извршена промоција на првата книга од ваков вид во Радовиш.

Промотор на овој исклучително значаен труд за радовишкото фолклорно богатство беше Проф, д-р Драган Даутовски, а свој осврт за авторто даде и Томе Постолов професор по Македонски јазик и литература.

Во својот музички настап, м-р Александар Ицов беше поддржан од професор Александар Таушанов на гитара.
Радовиш
Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Published
17 часа agoна
мај 17, 2022By
Media Press
Одделението за внатрешни работи Радовиш денеска поднесе кривична пријава против К.К. (27) од Радовиш поради сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и спречување на докажување и против М.Т. (22) и О.А. (21), двајцата од радовишкото село Покрајчево, поради сомнение за разбојништво.
Како што информираат од МВР, на 9 мај годинава, во 4 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица Свети Спасо Радовишки одзеле два коверта со исплатени тикети за кои сметале дека има пари.
По тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на селото Раклиш. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана.
На 16 мај лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
Радовиш
Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Published
2 дена agoна
мај 16, 2022By
Media Press
Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.
Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.
„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.


Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија
