Connect with us

Радовиш

Голем број велосипедисти беа дел од спортско еколошката кампања ЗДРАВИ НАВИКИ ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ која беше организирана во Радовиш

Avatar

Published

на

Спортско еколошка кампања ЗДРАВИ НАВИКИ ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ вчера беше организирана во Радовиш во која беа вклучени ученици и граѓани љубители на велосипедизмот и природата.

Имено кампањата беше во организација на Општина Радовиш во партнерство со Велосипедски клуб Бел Камен, Здружението ЦЕЛОР, Здружението КРЕА, Здружението БИОС, Здружението ВИА АД АСТРА, Здружението ВО ЗДРАВО ТЕЛО ЗДРАВ ДУХ и поддржано од речиси сите  Кафе Барови во Радовиш. Кафе бар  ЕСКЕЈП, Кафе бар ТИ-АМО, Кафе бар ВИРУС, Кафе бар, ДАУНТАУН, Кафе бар ЕЛЕМЕНТ, Кафе бар ГАЛАКТИК, ГП ТЕХНОИНЖЕНЕРИНГ и СОНИ ПРЕС компани.

Кампањата под наслов ЗДРАВИ НАВИКИ ЗА ЗДРАВ ЖИВОТ на кои земаа учество ученици и граѓани од Радовиш според програмата започна со пишување на пораки со теми поврзани со заштитата на животната средини и здрав живот, на плоштадот Св. Спасо Радовишки, каде присутните ги поздрави градоначалникот Ацо Ристов кој им се придружи на организираната велосипедска тура со посета на кафе баровите во Радовиш и потоа посета на манастирот Св.Ѓеоргиј во Ораовица.

 Притоа учесниците на велосипедската тура организираа и собирање на отпадот од оваа атрактивна манастирска- туристичка локација.

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Левица -Радовиш денеска заедно со граѓаните на градскиот пазар

Avatar

Published

на

Денеска членовите на ЛО Левица-Радовиш ја презентираа програмата на претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, на поставен штанд до градскиот пазар во Радовиш.

„Граѓаните велат дека со нетрпение ги чекаат овие историски избори за заедно да ставиме крај на криминалните банди од ДПМНЕ, СДС и ДУИ кои ја пустошат Македонија триесет години“ велат младите активисти на ЛО Левица – Радовиш, кои рекламниот материјал од програмата на Ванковска го делеа и на граѓаните во пазарот.

Прочитај повеќе