Connect with us

Радовиш

Деновиве започнаа пролетните градежни активности во Радовиш, со асфалтирање на улици со комплетен водоводен и канализациски систем

Avatar

Published

на

Општина Радовиш започна со пролетните градежни активности, односно со асфалтирање на улици вклучувајќи комплетен водоводен и канализациски систем. Во тек е финалната фаза од изградбата односно асфалтирање на улица кејска и ул бр. 2 во урбан блок 9.

„Подобрувањето на патната инфраструктура, вклучувајќи комплетен водоводен и канализациски систем е редовна активност на општината. Знаеме дека за жал во некои делови од градот и во некои населени места, овој проблем сеуште не е решен. Тоа е нашиот приоритет број еден. Секој граѓанин мора да има современ пристап до своето живеалиште“, рече градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов кој деновиве врши увид во започнатите работни активности на терен.

Исто така градоначалникот Ристов најави дека во соработка со ЈП Плаваја започна со пролетно чистење на речното корито, а во периодот кој следува ќе бидат реализирани неколку еколошки акции за чистење на отпад и чистење на дивите депонии.

„Заедничка цел на сите е да ја подигнеме еколошката свест и да се грижиме за чиста и здрава животна средина“, вели Ристов.

Извршена е и санација на оштетените делови од патот од Подареш до Смиланци едно од најатрактивните рурални туристички места во Општина Радовиш и како што најави градоначалникот Ристов, крајна цел е конечно асфалтирање на целата траса од Подареш до Смиланци.

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе