Радовиш
Симулациона вежба на сообраќајна несреќа, во која учество земаа едно возило, еден мотор и пешак

Published
3 недели agoна
By
Media Press
Општинската организација на Црвен крст од Радовиш организираше симулациона показна вежба-сообраќајна несреќа. Вежбата се реализираше на ул. 22ри Октомври во текот на вчерашниот ден во периодот од 12:00 до 13:00 часот. Истата беше организирана во соработка со ОВР Радовиш и ЈЗУ„Здравствен дом“ Радовиш.

Се симулираше сообраќајна несреќа, во која учество земаа едно возило, еден мотор и пешак (4 лица беа повредени).
„Со организација на вакви показни вежби сакаме да ја подигнеме јавната свест за сообраќајните несреќи и повреди, да ги охрабриме луѓето од сите возрасти да научат прва помош за да имаат вештини и самодоверба за да го препознаат и соодветно да реагираат при итните ситуации во случај на сообраќајна несреќа“, вели секретарот на Црвен крст од Радовиш, Верица Беќарова.

Поврзани содржини
Радовиш
Лишени од слобода две лица од радовишко село и од Радовиш

Published
12 секунди agoна
мај 20, 2022By
Media Press
Денеска 20 мај во 01.05 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода М.Т.(21) од село Покрајчево, радовишко и А.С.(34) од Радовиш. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и семки од марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, а по целосно расчистување на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Радовиш
НОВ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО РАДОВИШ, поставена новата сообраќајна сигнализација

Published
3 часа agoна
мај 20, 2022By
Media Press
Согласно прифатениот сообраќаен проект поврзан со воведувањето на зонското паркирање во Општина Радовиш и донесениот НОВ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ, деновиве во Радовиш беше поставена новата СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА.
За таа цел од Општина Радовиш упатуваат апел до граѓаните да внимаваат на новата сообраќајна сигнализација.
„БИ САКАЛЕ ДА УПАТИМЕ АПЕЛ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ КОИ УЧЕСТВУВААТ ВО СООБРАЌАЈОТ ВО НАШИОТ ГРАД, ДА ВНИМАВААТ НА НОВАТА ПОСТАВЕНА СИГНАЛИЗАЦИЈА И ДА ГИ ПОЧИТУВААТ СООБРАЌАЈНИТЕ ЗНАЦИ.
СО ТОА ЌЕ ГО ОЛЕСНИМЕ НОРМАЛНОТО ДВИЖЕЊЕ НА МОТОРНИТЕ ВОЗИЛА И ДОЛГОРОЧНО ЌЕ ПРИДОНЕСЕМЕ КОН СТАВАЊЕ РЕД ВО СООБРАЌАЈНИОТ МЕТЕЖ ВО НАШИОТ ГРАД. НАШАТА ЗАЕДНИЧКА ЦЕЛ Е МОДЕРЕН И УРБАН РАДОВИШ СО МОДЕРНА ИНФРАСТРУКТУРА“ стои во апелот од Општина Радовиш од каде изразуваат благодарност и очекуваат соработка од сите учесници во сообраќајот.

Радовиш
Хуманитарен хепенинг одржан во ООУ„Крсте Петков Мисирков“ Радовиш

Published
4 часа agoна
мај 20, 2022By
Media Press
Во ООУ „Крсте Петков Мисирков“ -Радовиш во организација на Општинска организација на Црвен крст Радовиш во рамки на ЦКА-ПХВ циклусот 2022 год. беше организиран хуманитарен хепенинг.
На истиот беше изложена храна приготвена од учениците и наставниците во училиштето. Средствата од овој хуманитарен настан се наменети за социјално загрозено семејство од Општина Конче.
Од Црвен крст Радовиш изразуваат голема благодарност до ООУ „Крсте Петков Мисирков“- Радовиш за подршката на овој хуманитарен настан и помош при реализирање.

Лишени од слобода две лица од радовишко село и од Радовиш

Општина Василево ќе спроведе избори за Месни заедници

Во своето дворно место пронашол неексплодирана бомба

НОВ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО РАДОВИШ, поставена новата сообраќајна сигнализација
