Македонија

Одбележувањето на 7 Мај – Ден на македонската полиција ќе започне од утре од Радовиш

Во пресрет на 7 Мај – Ден на македонската полиција, МВР најави за годинава направиме малку поразлично одбележување од претходните.

„За да бидеме во контекст на концептот што го развиваме „Полицијата во служба на граѓаните“, годинава едноставно сакаме да бидеме поблиску до граѓаните“ велат од Мвр од каде додаваат „Не можеме да зборуваме за соработка меѓу локалната заедница и полициските службеници ширум државата, ако тоа партнерство не го промовираме на терен, меѓу другото и како начин на кој нашите граѓани одблиску ќе се запознаат со полициските служби, нивните задачи, униформи, опрема.И конечно, покрај тоа што МВР секојдневно го прави за граѓаните и нивната безбедност, овојпат, користејќи го убавиот повод – во пресрет на Денот на полицијата, МВР за граѓаните во неколку градови низ државата организира дружење, релаксирани, но и поучни моменти, можности за запознавања со полициската професија, но и нови пријателства, за сите генерации без исклучок, затоа што сите граѓани ни се важни! информираат од МВР.

„Одбележувањето на 7 Мај ќе започне на 27 април во Радовиш, кога ќе биде промовиран 73.реконструиран објект – објектот на ОВР Радовиш. На 30 април, во сабота, половина час после пладне, во Струмица – пред Домот на АРМ, во Крива Паланка – на Градскиот стадион, во Велес – во Младинскиот парк, во Струга – на Машка плажа парк и во Крушево – на Гумење, жителите на овие градови, но и сите посетители од околните места, ќе можат да се дружат со полициските службеници од сите единици, да се запознаат со полициската професија, но и нивната опрема, а за музичко освежување на граѓаните ќе се погрижат музичките пријатели на МВР. На 5 мај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе ја отвори Регионалната конференција на директори на полиции, а ден потоа, на 6 мај, МВР ќе реализира крводарителска акција во чест на Денот на македонската полиција. Истиот ден е закажана и промоцијата на монографијата „МВР за граѓаните“.Чествувањето на 7 Мај, пак, ќе започне со положување на цвеќе на спомен обележјата на загинатите припадници на полицијата, додека централната манифестација за одбележување на Денот на полицијата годинава ќе се одвива на Градскиот плоштад во Делчево, со почеток од 12.30 часот, која нашите граѓани од целата држава ќе можат да ја проследат во живо на програмата на МРТВ, инфромираат од МВР, согласно програмата во чест на 7 Мај – Денот на македонската полиција!

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

4 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago