Македонија

Спасовски за немилиот настан кој се случи на 27 април: Оттогаш ништо не е исто

– Ако разговараме за настанот од 27 април, тоа е насилниот упад во Собранието, кога имаше намера да бидат убиени пратениците и да не се дозволи преземање на власта, нешто што не доликува на едно демократско општество. Ако споредиме тој момент и денеска ништо не е исто. Се е многу понапредно и државата и институциите, посебно институцијата со која раководам, а тоа е македонската полиција, изјави Спасовски, по денешната промоција на 73-от реконструиран објект, објектот на ОВР Радовиш, со што почна одбележувањето на Денот на македонската полиција – 7 мај.

„Денес со гордост можам да констатирам дека имаме целосно реформирана полициска структура. Воспоставени се многу реформи во делот на полициското работење. Идејата е македонската полиција да им служи на граѓаните, затоа што граѓаните преку даноци обезбедуваат плати за целата администрација, па и за македонската полиција. Покажавме во изминатиот период како заеднички знаеме, умееме, пред се секој полицаец колку пожртвувано знае да се бори за безбедноста“ рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во каква состојба е МВР пет години по настаните во Собранието на 27 април.

Тој посочи дека имаме посебна служба, што не е во составот на МВР, тоа е Агенцијата за национална безбедност, формирана е посебна Оперативно техничка агенција, со што е оневозможено или е сведена на најниско можно ниво можноста за какво било нелегално прислушување. Тоа значи, потенцира Спасовски, дека институциите не можат да ги злоупотребуваат овие системи.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

6 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago