Connect with us

Струмица

Услугата помош и нега во домот достапна и во Општина Струмица за околу 60 лица

Media Press

Published

на

На околу 60 лица од Струмица  со најтешка попреченост, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, отсега ќе им биде достапна услугата помош и нега во домот. Услугата ќе ја обезбедуваат лиценцирани негуватели кои минаа низ серија стручни обуки. Тие секојдневно ќе им помагаат на овие лица, во извршувањето  на дневните активности, почнувајќи од лична хигиена, хранење, мобилност во домот, облекување, до поддршка при чистење, перење, готвење, набавки на намирници, помош за медицинска терапија и друго.

 Градоначалникот  Костадин Костадинов заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, ја промовираа новата социјална услуга помош и нега во домот  на Домот за стари „Отворено Срце“.

Услугата помош и нега во домот е дел од социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, преку која за прв пат се вклучуваат надворешни партнери преку општините во давањето на социјални услуги. Здравствената установа „Отворено Срце” стана партнер на Министерството за труд и социјална политика за услугата помош и нега во домот заедно со општина Струмица.

Покрај придобивките за старите лица, со оваа услуга  се овозможува и вработување на ранливи категории граѓани, како негуватели.

На доделувањето на дозволата за вршење дејност министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска истакна дека целта на услугата да биде достапна ширум земјата е во насока да им се олесни животот на граѓаните од третото доба и тоа во нивниот дом. Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги засега поддржани се вкупно 22 проекти во 27 општини.

Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случиле две сообраќајни несреќи во струмичко

Media Press

Published

на

Вчера во 05.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локален пат кој води од крстосница со магистрален пат А4 кон село Доброшинци, струмичко, В.В.(54) од село Чанаклија, струмичко, управувајќи товарно моторно возило „ивеко“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот А.М.(38) од Струмица, а возачот и сопатникот С.Р.(26) од Струмица се здобиле со телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Исто така вчера околу 15.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на улица „24-ти Октомври“ во Струмица, М.К.(25) од село Дабиле, струмичко, управувајќи мотоцикл „сузуки“ со струмички регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко моторно возило „шевролет“ со струмички регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кој бил пренесен во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Прочитај повеќе

Струмица

Започнаа инфраструктурните активности за изградба и обележување на велосипедски патеки во Струмица

Media Press

Published

на

Започнаа инфраструктурните активности за изградба и обележување на велосипедски патеки во градот Струмица со што Проектот „Струмица – Паметен вело град“ станува реалност.

Градоначалникот Костадин Костадинов со соработниците и претседателот на Советот Марјан Даскаловски и членови на истиот извршија увид во стартните активности.

„Урбаната мобилност со велосипед има огромен потенцијал во Струмица бидејќи најголем дел од патувања се на блиски растојанија, а поголем дел од градот е на рамен терен. Велосипедот е транспорт погоден за климата, погоден за здравјето на човекот, погоден за семејниот буџет. Градежните работи за изградба и обележување на велосипедските патеки во Струмица ќе траат 12 месеци. Вкупната инвестиција изнесува 295.000 евра. Овие средства се 100% донација од Европската Унија“ изјави градоначалникот Костадинов.

Прочитај повеќе

Струмица

Заврши 30-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица, со балетската претстава „Болеро“

Media Press

Published

на

Со балетската претстава „Болеро“ од Морис Равел во кореографија на Саша Евтимова, а во изведба на Македонската опера и балет, синоќа заврши 30-то издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.

Оваа балетска претстава беше одиграна во чест на актерката Дарија Ризова која ја доби наградата за најдобро актерско остварување. Ризова наградата ја доби за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ, копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција-Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР- Сараево.

Наградата која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, на Ризова и ја врачи претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.

Тој им ги врачи и специјалните награди на актерите Фаик Мефаиловски, Огнен Дранговски и Илина Чоревска, режисерот Васил Христов и на претставата „Злосторство и казна“ во изведба на Драмски куклен тетар од Враца, Бугарија за кои одлука донесе фестивалското жири.

Прочитај повеќе