Радовиш
Дискусија околу проектот “Одржлив и инклузивен рамнoмерен региoнален развoј – II фаза“ на седница на Совет за развој на ЈИПР
Published
2 години agoна
By
Media PressСоветот за развој на Југоисточниот плански регион денеска ја одржа 7 седница на Совет на градоначалници која се одржа во Радовиш. Седницата ја отвори и ја водеше градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов во отсуство на претседателoт на Совет.
Дискусија за очекувани предизвици во врска со студиски посети во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамнoмерен региoнален развoј – II фаза“ поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка отвори Јован Манасиевски.
Поврзани содржини
Се опремува ТППЕ во Радовиш, ново Противпожарно возило (Волво) донација од Операција Флоријан
Одржана седница на Советот за превенција на детско престапништво во Радовиш
Извршена контрола на повеќе угостителски објекти на подрачје на Струмица, во еден угостителски објект имало присуство на малолетници после 24.00 часот
Во спроведена контрола на подрачјето на СВР Струмица биле констатирани 68 пречекорувања на брзината
Одржана последната седница на Советот на Општина Радовиш во оваа година, донесен Буџетот, дискусија околу цената на водата
Можни се измени на Проектот Зонско паркирање во Радовиш -дискусија на седница на Совет
Радовиш
Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш
Published
23 часа agoна
март 27, 2024By
Media PressГрадоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.
„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.
Радовиш
Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш
Published
1 ден agoна
март 27, 2024By
Media PressБидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.
Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.
Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.
Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.
Радовиш
На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината
Published
3 дена agoна
март 25, 2024By
Media PressНа 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.