Connect with us

Радовиш

Градоначалникот Ристов образложи на седница на Совет како ќе функционира проектот Зонско паркирање

Avatar

Published

на

Советот на Општина Радовиш, денеска ја одржа 10-та седница со дневен ред од  39 точки и една дополнителна предлог точка.

На седницата беа поставени и неколку советнички прашања по што беше усвоен Извештајот за реализација и на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба реконструкција и уредување на комунални објекти и локални патишта за 2021 година како и Предлог Програмата за измени и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2022 година.

Потоа Предлог- Програмата за измени и дополнување на предлог програмата за изработка за урбанистички планови во Општина Радовиш за 2022 година. На седницата беше изгласана и Предлог Програма за измена на програмата за Локален економски развој при Општина Радовиш за 2022 година и Предлог одлука за измена на развојната програма ИПА -Инструмент за претпристапна помош по одобрен проект -Зелена Топлина.

Како спорна точка од дневниот ред според советничката група на СДСМ и Коалицијата беше Предлог одлука за степен на ограничување на јавниот простор за паркирање  на подрачјето на Општина Радовиш, за која градоначалникот Ацо Ристов даде детално образложение зошто мора да се спроведе проектот Зонско паркирање.

„Мора да се стави ред во сообрачајниот хаос во Радовиш. Ова беше најчестото барање во кампањата кое го поставуваа граѓаните и за кое бараа решение“, рече меѓудругото Ристов.

Во продолжение на седницата беше усвоена Предлог одлуката за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Радовиш како и неколку Предлог Одлуки за усвојување на годишните сметки на основните и средното училиште во Општина Радовиш, на детската градинка и на останатите Јавни институции во општината.

Радовиш

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Avatar

Published

на

Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.

„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.

Прочитај повеќе

Радовиш

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.

На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.

Прочитај повеќе

Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Avatar

Published

на

Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.

Прочитај повеќе