Connect with us

Радовиш

Општина Радовиш во тековниот период планира сериозни активности преку програмата за Прекугранична соработка

Avatar

Published

на

Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов учествуваше на заедничката средба на градоначалници од југоисточниот регион на Македонија и западниот регион на Бугарија, која се одржа на 31 Март и 1 Април во Сандански, Бугарија.

На средбата покрај градоначалниците учествуваа и високи претставници од Владите на двете земји како и други меѓународни претставници кои ја презентираа програмата и досегашните искуства од успешно реализирани проекти.

„Сериозно се фокусираме на меѓународната поддршка и отворените јавни повици кои даваат можности за финансирање на капитални проекти. Една од тие можности е и програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија 2021-2027“ вели градоначалникот Ацо Ристов, притоа додавајќи дека прекуграничната соработка е двигател на многу капитални проекти и општина Радовиш во тековниот период планира сериозни активности со оваа програма.

Радовиш

Изложбата на фотографии „Рурална жена низ објективот“ на Лејла Куртов, за прв пат се одржа во Радовиш, во организација на Центар за култура „Ацо Караманов“ Радовиш

Avatar

Published

на

Изложбата на фотографии „Руралната жена низ објективот“ на авторката Лејла Куртов од Конче, за прв пат се одржа во Радовиш. На изложбата посветена на руралната жена, која предизвика голем интерес во јавноста, присуствуваа голем број радовишани. Во интервју за телевизија Кобра, Лејла вели дека пораката која ја испраќа преку објективот е да се срушат стереотипите за руралната жена.

Лејла доаѓа од урбана средина односно од Скопје, но го наоѓа својот мир и спокој во рурална средина како што е Конче каде е мажена и има свое семејство и работа. Работи како воспитувач во детската градинка во Конче.

Изложбата беше во оргaнизација на Центарот за култура Ацо Караманов од Радовиш, а беше заокружена со музика како изненадување од модераторот Златко Јанкулов кој ја најави изложбата.

Изложбата е составена од 19 фотографии кои опишуваат 17 животни приказни на руралните жени од Општина Конче, од македонска и турска националност, секоја со своите традиции.

Прочитај повеќе

Радовиш

Обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, се одржа во Радовиш

Avatar

Published

на

Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш вчера организираше еднодневна обука за препознавање и воспитно-образовна работа со деца во социјален ризик, која се одржа во ресторан Леона Лукс во Радовиш. Самата обука беше наменета за наставници,професори и други стручни лица од образовните институции, а целта на обуката беше препознавање и третман на децата во социјален ризик.

Предавачи беа проф. д-р Зоран Киткањ и проф. д-р Ана Фрицханд.

Обуката ја отвори претседателката на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во Општина Радовиш, Наталија Дединец, а свое обраќање имаше и претседателката на Советот на Општина Радовиш Моника Трајанова.

Прочитај повеќе

Избори 2024

Левица -Радовиш денеска заедно со граѓаните на градскиот пазар

Avatar

Published

на

Денеска членовите на ЛО Левица-Радовиш ја презентираа програмата на претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, на поставен штанд до градскиот пазар во Радовиш.

„Граѓаните велат дека со нетрпение ги чекаат овие историски избори за заедно да ставиме крај на криминалните банди од ДПМНЕ, СДС и ДУИ кои ја пустошат Македонија триесет години“ велат младите активисти на ЛО Левица – Радовиш, кои рекламниот материјал од програмата на Ванковска го делеа и на граѓаните во пазарот.

Прочитај повеќе