Connect with us

Радовиш

Светскиот ден на здравјето-7 Април, Здравствениот дом во Радовиш го одбележа работно

Media Press

Published

на

Светскиот ден на здравјето – 7 Април, ЈЗУ „Здравствен дом“, Радовиш денеска го одбележа со организирање на акција „ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ“.  Екипа од Здравствениот дом  во рамките на акцијата вршеше бесплатно мерење на шеќер во крвта, притисок, и останати параметри.

Акцијата се спроведе во Клубот на пензионери во Радовиш со почеток од 10 часот и беше наменета за сите граѓани.

Инаку овогодишното одбележување на денот на здравјето е посветено на планетата земја – Наша Планета, Наше здравје, со што се става фокус на загадувањето на животната средина и климатските промени кои директно придонесуваат за влошување на здравјето врз сите луѓе на планетата.

Факторите на животната средина – вклучително и климатските промени – одземаат 13 милиони животи секоја година.

Да престанеме да согоруваме фосилни горива како нафта, јаглен и природен гас за поздраво утре! Е пораката која се испраќа на Светскиот ден на здравјето

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Радовиш денеска поднесе кривична пријава против К.К. (27) од Радовиш поради сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и спречување на докажување и против М.Т. (22) и О.А. (21), двајцата од радовишкото село Покрајчево, поради сомнение за разбојништво.

Како што информираат од МВР, на 9 мај годинава, во 4 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица Свети Спасо Радовишки одзеле два коверта со исплатени тикети за кои сметале дека има пари.

По тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на селото Раклиш. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана.

На 16 мај лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Media Press

Published

на

Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.

Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.

„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.

Прочитај повеќе

Радовиш

Избрани нов Лидер и нови членови на Координативното тело на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш

Media Press

Published

на

Во просториите на Општинската организација на Црвен крст Радовиш, на 14 мај во саботата беше одржана Конститутивно-изборна седница на која се спроведоа изборите на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш за мандатниот период 2022-2024 година.

Конститутивно-изборната седница ја отвори досегашниот ВД Лидер на Клубот на млади Илина Сандева.

Со тајно гласање на членовите за Лидер на Клубот на млади на Црвен крст Радовиш беше избрана Ангела Георгиева, додека пак за Заменик-лидер беше избрана Памела Митева. Избрани беа и членовите на Координативното тело на Клубот на млади на ОО на Црвен крст Радовиш:  Ангела Георгиева -Лидер,  Памела Митева -Заменик лидер, Александра Донева,  Лина Ристова, Ангела Јанкулова, Дајана Гавалугова и Елена Ташкова

За претставник во Советот на млади на Црвен крст на Република Македонија беше избрана досегашниот ВД лидер на Млади- Илина Сандева.

Прочитај повеќе