Радовиш
Конзулов со благодарност до здравствените работници и апел до граѓаните, по повод Светскиот ден на здравјето
Published
3 години agoна
By
Media PressПо повод 7 Април СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО со благодарност до здравствените работници и апел до граѓаните се обрати градоначалникот на Општина Радовиш, Герасим Конзулов.
“Здравјето е право а не привилегија” е мотото под кое оваа година СЗО го одбележува Светскиот ден на здравјето.
Би сакал на сите лекари и здравствени работници да им се заблагодарам за херојската посветеност во борбата против пандемијата и да упатам апел до Вас почитувани граѓани:
Да покажеме дека знаеме да го вреднуваме трудот на медицинските работници! Внимавајте на вашето здравје, заштитете ги своите најблиски, почитувајте ги мерките за заштита!“ вели Конзулов во своето обраќање.
Поврзани содржини
Светскиот ден на здравјето-7 Април, Здравствениот дом во Радовиш го одбележа работно
Официјално извршено примопредавање на градоначалничката функција помеѓу Ристов и Конзулов
Конзулов: Ми беше гордост и секако привилегија да бидам градоначалник на Општина Радовиш, Ви благодарам на сите што гласавте слободно
Кандидатот за градоначалник на Радовиш Конзулов на средби со граѓани во населените места
Конзулов оствари средба со жителите на Јаргулица и Покрајчево
Конзулов на средба со жителите на Сулдурци и Воиславци, понуди реални решенија на нивните проблеми
Радовиш
Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media PressГрадоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.
„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.
Радовиш
Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media PressБидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.
Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.
Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.
Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.
Радовиш
На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината
Published
4 дена agoна
март 25, 2024By
Media PressНа 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.