Радовиш
Православните христијани денеска го празнуваат празникот БЛАГОВЕЦ
Published
2 години agoна
By
Media PressДенеска е Благовец. Православните христијани го празнуваат празникот Свето Благовештение, познат меѓу верниците и како Благовец.
Свето Благовештение е Богородичен празник, односно еден од празниците посветени на Пресвета Богородица. На овој ден Господ Исус Христос се воплотил – зачнал и Марија ја добила благата вест дека ќе го роди спасителот. По тој повод денеска се одржа Божествената литургија во Црковниот храм Света Троица во Радовиш.
Според житието за Благовештение се вели:
„Кога Пресветата Дева наврши единаесет години пребивање и служење во ерусалимскиот храм и четиринаест од раѓањето – значи кога стапи во петнаесеттата година од животот – свештениците ѝ соопштија дека според Законот повеќе не може да остане при храмот, туку треба да пристапи кон веридба и брак. Одговорот на Пресветата Дева беше големо изненадување за тамошните свештеници. Изјави дека Таа себеси Му се посветила на Бога и не сака да стапува во брак со никого. По Божја Промисла и вдахновение тогаш првосвештеникот Захарија, татко на Св. Јован Крстител, се договори со другите свештеници, па собраа дванаесет безжени луѓе од Давидовото племе за да пронајдат еден на кого што би му ја довериле Дева Марија како на оној кој ќе ја чува Нејзината девственост и ќе се грижи за Неа. Му ја доверија на стариот Јосиф од Назарет, којшто ѝ беше роднина. Во домот Јосиф Пресветата Дева продолжи да живее исто како во Соломоновиот храм, минувајќи го времето во читање на Светото Писмо, во богомислие и ракоделие. Од дома не излегуваше речиси никогаш ниту се интересираше за светските работи и настани. Малку зборуваше со кого било и никогаш без особена потреба. Најчесто општеше со ќерките на Јосиф. Но кога се исполни времето означено со пророштвото на Даниил и кога Бог благоволи да го исполни ветувањето што му го даде на прогонетиот Адам и на Пророците, на Пресветата Дева ѝ се јави во одајата великиот архангел Гаврил, а некои свештеници пишуваа дека во оној миг Таа го имала пред себе отворено пророштвото на Исаија кој вели: „Ете, девојка ќе зачне и ќе роди син!“ Гаврил ѝ се јави во архангелска светлина и ѝ рече: „Радувај се, благодатна! Господ е со Тебе!“ И сѐ друго, како што пишува во Евангелието на Божествениот Лука. Со оваа архангелска благовест и со слегувањето на Светиот Дух врз Пречистата Дева, започна спасението на луѓето и обновата на созданието. А историјата на Новиот Завет значи радост за човештвото и за сета твар“.
Благовец е секогаш на 7 април Датумот не го менува и е од групата на постојаните празници. Уште од древноста, секогаш се празнувал на овој датум девет месеци пред Божиќ.
Овој ден се смета и за ден на мајките, затоа што Богомајката Богородица е заштитничка на сите мајки кои зачнале и станале мајки. Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Мајките, пак, ги благословуваат децата и тие да имаат свои рожби и радости.
Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, славејот. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег.
Според црквата голем грев е тие што го слават Благовец денеска да принесат мрсна трпеза со месо бидејки се во тек велигденските пости, кои се најстроги. Но денеска е дозволено да се принесе на трпезата риба како и на цветници.

Поврзани содржини
Во недела свечено ќе биде удрен камен темелник на камбанарија во дворот на црковниот храм Свети Атанасиј, во Ораовица
Украдени пари од црква во Валандовско
Патријархот Порфириј објави: Соборот на СПЦ прифаќа и признава автокефалност на МПЦ-ОА
Вселенската Патријаршија ја призна МПЦ, Охридска Архиепископија за канонска
Православните христијани денеска го празнуват празникот Свети Цар Константин и царица Елена
Денеска е Благовец, празник на радосната вест. На овој ден Господ Исус Христос се воплотил и Марија ја добила благата вест дека ќе го роди спасителот
Радовиш
Современо противпожарно возило за гаснење на шумски пожари и спасување доби ТППЕ од Радовиш
Published
2 часа agoна
декември 11, 2023By
Media Press
Територијалната противпожарна единица од Радовиш доби ново противпожарно возило за гаснење на шумски пожари и спасување преку проектот на Центарот за развоја на Југоисточниот регион со Република Грција.
Денеска беше извршено примопредавање на клучевите од возилото, по што градоначалникот Ацо Ристов ги предаде на командирот на пожарната.

„Интенција на Општина Радовиш е континуирано опремување на противпожарната единица со нова и современа опрема, а со тоа и вршење на попрофесионални услуги за граѓаните“, рече градоначалникот Ристов, при примопредавањето на возилото.

Во рамките на овој проект радовишките пожарникари добија и дрон со термална камера за брзо откривање на пожари, за што имаа и соодветна обука.

Набавката на возилото и дроновите е во рамките на проектот „Рано откривање на пожарите и нивно движење за превенција и справување со катастрофи – eFIDAR“ имплементиран од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а финансиран од страна на Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија.
Во рамките на опремувањето на ТППЕ на неколку локации во Радовиш и населените места се поставени противпожарни хидранти за полнење на вода на противпожарните возила, при било каква интервенција да можа да наполнат вода од најблискиот хидрант.


Радовиш
Изработена е првата карта за опасности од поплави за Радовиш
Published
4 часа agoна
декември 11, 2023By
Media Press
Изработена е првата карта за опасности од поплави за Радовиш. Во рамки на активности од Проектот за еко-системско базирано намалување на ризици од катастрофи во Македонија (ЕКО-НРК), финансиран од страна на Агенцијата за меѓународна соработка на Јапонија (JICA), денес во општина Радовиш беа предадени изработени карти за опасности од поплави од Радовишка река за град Радовиш. Изработена е од страна на јапонски експерти со користење на апликативен софтвер за симулација на поплави од 100-годишни води, собирање на податоци од теренско истражување, идентификување на опасни подрачја и потврда на локалната состојба.

Картите за опаност се визуелна претстава и пренесување на знаење кое се применува секојдневно во Јапонија. Картата за опасност содржи графички и текстуални насоки за хоризонтална и вертикална евакуација во случај на поплави предизвикани од поројни врнежи на дожд, критични точки, фотографии од претходни поплави како и локации за евакуација во секоја урбана заедница. Содржината на картите за опасност беа презентирани и усвојувани на претходно одржани работилницата со претставници на локалните и државни институции на подрачјето на опшитна Радовиш, претставници од урбаните заедници, невладините организации, група на граѓани од ранливи категории и сл.

Според предвидениот обем изработени се 50 карти на опасности за претставниците на локалните и државни институции, поставени се шест (6) табли од информативен карактер за жителите и посетителите на Радовиш. Со цел поширока распространетост на оваа карта на опасност, односно овој материјал со информациите за евакуација да пристигнат во секој дом, изработени се три илјади (3.000) џебни брошури кои ќе се разделат преку образовните институции до граѓаните како крајните корисници.
Во прилог е видео материјал (https://www.youtube.com/watch?v=-hiG1xiUW_M) од изведените заштитни работи од полави во горниот тек на Радовишка река, со примена на градежни активности од помал обем, пошумување на садници и користење еко-мерки за зголемување на заштитната функција на шумите.
Радовиш
Здравствен дом – Радовиш потпиша Меморандум за соработка со ЗПОРК, повеќе бесплатни прегледи во 2024 за пензионерите
Published
4 дена agoна
декември 7, 2023By
Media Press
ЈЗУ Здравствен дом – Радовиш потпиша Меморандум за соработка со Здружението на пензионери на Општините Радовиш и Конче.
Двете страни потписнички, грижејќи се за здравјето на пензионерите се согласија за спорведување на повеќе бесплатни прегледи во следната 2024 година:
Согласно меморандумот се обезбедува 4 пати во годината вршење на бесплатни прегледи, како мерење на шеќер и крвен притисок во Клубот на пензионерите во Радовиш и еднаш во годината во четирите ограноци во население места.
Во 2024 година еднаш годишно се одобрува бесплатни прегледи кај доктор по очни болести за мерење на очен притисок и консултација со лекарот.
Потоа се обезбедува и превентивни прегледи кај доктор специјалист невролог со цел спречување на мозочни удари и третман на компликација кон истите, оваа ставка се предвидува да се изврши трипати годишно во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш.
Се обезбедува и прегледи кај доктор специјалист по уво нос и грло три пати во годината.
Согласно меморандумот се обезбедува и обука во центарот за дијабетис за сите пензионери дијабетичари од страна на медицинско лице.
И до крајот на месец декември годинава се обезбедува бесплатна крвана слика ПС за мажи.
Вчера Здравствен дом Радовиш успешно ја спроведе активноста,, Здравје за сите“, со граѓаните на Општина Конче, за бесплатно мерење на шеќер во крвта и крвен притисок на граѓаните во Конче, без да патуваат во Радовиш.


Современо противпожарно возило за гаснење на шумски пожари и спасување доби ТППЕ од Радовиш

Изработена е првата карта за опасности од поплави за Радовиш

Пред два дена исчезнало лице со нарушно здравје од својот дом од Струмица

Здравствен дом – Радовиш потпиша Меморандум за соработка со ЗПОРК, повеќе бесплатни прегледи во 2024 за пензионерите
