Македонија
Од денеска бензините поевтини за 2,5 денари
Објавено на
Од
Media Press
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи да ја намали малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт утврдени на 1 април 2022 година.
Според најновата одлука, од денеска, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава по 83,00 ден/лит.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поевтинува за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена изнесува 82,00 ден/лит.
РКЕ објави дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка се намалени кај бензините во просек за 1,646 отсто или за 17,450 долари за тон, кај дизелот намалувањето во просек е за 2,275 отсто или за 25,900 долари за тон, а кај екстра лесното масло во просек за 1,931 отсто.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,8 денари за долар и е за околу 0,2 отсто понизок од курсот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.
Поврзани содржини

Цената на дизелот се зголемува за 3,50 денари, цените на бензините не се менува

Од полноќ поскапуваат бензините и дизелот

Од утре поевтинуваат бензините и дизелот

Намалување на цените на бензинот и на дизелот

Поскапување на бензините и на дизелот од полноќ за 2,5 и за 2 денари по литар

Поевтинуваат бензините, а цената на дизелот останува иста

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари за литар.
ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 92 денари за литар.
Eкстра лесното масло за домаќинство поевтинува за три денари и ќе чини 100,50 денари,
Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 денари по килограм и изнесува 48,314 денари.
Македонија
ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода З.Ј.(55) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Ј. и по преземени мерки било констатирано дека го управува возилото, иако има изречено активна забрана за управување со возило. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Македонија
Јордан Митев со грандиозен концерт во Скопје на 26-ти декември 2026 – Гласот што ги обединува Македонците ширум светот
Published
3 дена agoна
ноември 13, 2026By
Media Press
Кога срцето чука во ритамот на македонската зурла и тапан, кога песната ја преминува секоја граница и ги обединува Македонците каде и да се – на сцената застанува името кое е симбол за автентичност, врвен квалитет и вистинско музичко достоинство – Јордан Митев.
Јордан Митев одамна ги прошири меридијаните и ја надмина дефиницијата за домашна ѕвезда. Тој е вистински меѓународен уметник и амбасадор на македонската култура, чии концерти пред македонската дијаспора се повеќе од настапи – тие се емотивно враќање дома, во прегратките на мајката татковина. Автор на сопствените песни, талентиран инструменталист, високообразован музичар и човек чиешто достоинство стои цврсто зад секој отпеан стих. Тој создава музика која останува да сведочи за времето и за душата на нашиот народ.

Голема енергија, врвна емоција и незаборавна музичка вечер ни се подготвуваат на долгоочекуваниот концерт кој ќе ги разнесе срцата на сите љубители на вистинската македонска песна.
📅 Дата: 26.12.2026 година
📍 Место: СЦ „Јане Сандански“, Скопје

Генерален спонзор на овој грандиозен македонски фолк спектакл е Адора Бизнис Клуб.
Подгответе се за вечер во која песната ќе го стопи секое срце, а македонскиот мелос ќе ечи посилно од кога било досега. Да бидеме дел од една ноќ која ќе се памети и раскажува! Бидете дел од музичката магија на Јордан Митев!

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

