Василево

Општина Василево масовно се приклучи на еко акцијата ЗА ЧИСТИ РИДОВИ

Масовно, со преку 100 учесници, општина Василево се приклучи кон еколошката акција ЗА ЧИСТИ РИДОВИ, која се спроведе на просторот околу брана Турија.

„Акцијата е повеќе од успешна и ветуваме дека ќе стане традиционална“, е ставот на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој уште од првиот ден на својот мандат им објави војна на дивите депонии во општината и со личното учество во активностите е пример и мотиватор за останатите граѓани.

Колку за потсетување, за само неколку месеци исчистени се дивите депонии на влезот во населените места Нова Маала, Сушево, Василево, Чанаклија, Радичево и Пиперево; исчистени се атмосферските канали во населените места Градашорци, Седларци, Пиперево, Добрашинци, Ангелци и Радичево; исчистени се главните учлици во Василево и Пиперево; по повод почетокот на пролетта во заедничка  еколошка акција со учество на училиштата, градинката, комуналното претпријатие и членовите на општинскиот совет посадени се околу 300 садници на повеќе локации во повеќе населени места.

„На сите нас е да се грижиме за околината, зашто само заедно може да придонесеме за зачувување и подобрување на животната средина. За поубаво Василево“, апелира  градоначалникот Андонов.

Media Press

Автор на инфорамцијата

Recent Posts

Поевтинуваат горивата

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 — 86 денари…

3 часа ago

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Во чест на еден од најзначајните великани на македонската национална и јазична мисла, Крсте Петков…

5 часа ago

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

Викендов,  во Домот на културата, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со пензионерите, со…

5 часа ago

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија…

3 дена ago

Општина Струмица со награден фонд до 130.000 д. за најдоброто идејно решение за Градски плоштад ,,Гоце Делчев“ – Струмица

ПОТСЕТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: РОКОТ ЗА ИДЕЈНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПРОДОЛЖЕН ДО…

3 дена ago

Општина Струмица денес ја одржа 18-та седница на Советот на општина Струмица

Нови развојни планови за Струмица, финансиска стабилизација и инвестиции во 2027 година! На денешната 18-та…

3 дена ago