Радовиш
Цевен крст, Радовиш ќе организира обука по Прва помош за правни субјекти

Published
2 месеци agoна
By
Media Press
Општинската органзиација на Црвен Крст од Радовиш информира дека е во тек формирање група за обука по Прва помош за правни субјекти, во која има уште неколку слободни места.
Законска обврска во рамки на Законот за безбедност и здравје при работа, на секоја јавна и приватна установа, компанија и организација, е поседување УВЕРЕНИЕ ЗА ПРВА ПОМОШ.
„Доколку имате потреба од обучување вработени лица и стекнување Уверение, контактирајте не’ на 072 277 177“ соопштуваат од Црвен Крст Радовиш.
Според законот за безбедност и здравје при работа се предвидува ,,На секое работно место и во работни простории во кои истовремено работат ДО 20 вработени, најмалку еден од нив мора да биде оспособен и одреден за давање прва помош, за гасење пожар, евакуација и спасување, а над овој број НА СЕКОИ 20 вработени најмалку уште по еден’’.
Член 58 предвидува и ,,Глоба од 5.000 до 8.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече на правното лице за непочитување на одредбите’’.
Целиот Закон е достапен на линков: https://www.pravdiko.mk/…/Zakon-za-bezbednost-i-zdravje…
Поврзани содржини
Радовишките пожарникари учествуваа во обука за давање на прва помош одржана од НАТО контингентот во Македонија
Трета ЦКА-ПХВ обука во Црвен крст Радовиш
ЈАВЕН ПОВИК до невработените лица од Општина Радовиш за вклучување во обуки за асистенти за нега на лица со Алцхајмерова болест
ОО на Црвен крст, Радовиш додели благодарници на волонтерите од Клуб на млади
Тактичко-показна вежба за прва помош на волонтерите од Црвен крст – Гевгелија
ОО на Црвен крст од Радовиш го одбележа Светскиот ден за прва помош
Радовиш
Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Published
15 часа agoна
мај 17, 2022By
Media Press
Народното творештво отсекогаш било плодна почва за научни и теоретски истражувања од повеќе аспекти. Едно од таквите научни истражување е магистарскиот труд „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на М-р Александар Ицов од Радовиш, со што гајдаџиството од радовишко како културно наследство конечно е сместено во книга.

Во рамките на Саемот на книги кој вчера беше отворорен во ОНБ Браќа Миладиновци, беше извршена промоција на првата книга од ваков вид во Радовиш.

Промотор на овој исклучително значаен труд за радовишкото фолклорно богатство беше Проф, д-р Драган Даутовски, а свој осврт за авторто даде и Томе Постолов професор по Македонски јазик и литература.

Во својот музички настап, м-р Александар Ицов беше поддржан од професор Александар Таушанов на гитара.
Радовиш
Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Published
17 часа agoна
мај 17, 2022By
Media Press
Одделението за внатрешни работи Радовиш денеска поднесе кривична пријава против К.К. (27) од Радовиш поради сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и спречување на докажување и против М.Т. (22) и О.А. (21), двајцата од радовишкото село Покрајчево, поради сомнение за разбојништво.
Како што информираат од МВР, на 9 мај годинава, во 4 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица Свети Спасо Радовишки одзеле два коверта со исплатени тикети за кои сметале дека има пари.
По тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на селото Раклиш. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана.
На 16 мај лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.
Радовиш
Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Published
2 дена agoна
мај 16, 2022By
Media Press
Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.
Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.
„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.


Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Активности со боева муниција на место викано „Караорман“, Општина Гевгелија
