Connect with us

Радовиш

Караванот за вакцинација против Ковид-19, денеска е во центарот на Радовиш

Avatar

Published

на

Караван за вакцинација против Ковид-19, денеска е во Радовиш од 12 до 16 часот.

На локација во централното градско подрачје односно на плоштадот „Свети Спасо Радовишки“  во Радовиш поставен е пункт за вакцинација на кој може да се вакцинира секој граѓанин без разлика дали е прва, втора или трета доза вакцина.

„Секој кој е заинтересиран може да го посети караванот и да биде вакциниран“, апелираат од „Здравствен дом“ Радовиш.

Освен во Радовиш, караванот утре на 24 март од 12 до 16 часот ќе биде на плоштадот  во Струмица и на 25 март од 12 до 16 часот во Ново Село (Струмица), на пазарот.

Како што информира ЈЗУ „Здравствен Дом“, Радовиш, Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ започна со реализација на оваа активност со цел вакцините да станат што подостапни до граѓните.

Покрај активностите од караванот за вакцинација кои ќе се реализираат во следните две недели, граѓаните имаат можност секој ден да се вакцинираат и во здравствените домови во државата.  

Радовиш

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш го одбележа Меѓународниот ден на книгата и авторското право

Avatar

Published

на

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш го одбележа Меѓународниот ден на книгата и авторското право.

Одбележувањето беше со објавување на резултатите од традиционалниот награден конкурс за ученици од основно образование на тема: ,,Книгата и знаењето – цел универзум” што библиотеката го распиша по повод овој Меѓународен ден.

Во рамките на ова, за најдобра песна беше прогласена творбата на ученичката Јована Ѓоргиева од ПОУ ,,Орце Николов” од село Злеово. За второ наградена песна беше песната на ученикот Ѓорге Газепов од ООУ ,,Крсте Петков – Мисирков” од Радовиш. а третопласирана беше творбата на ученичката Данче Митковска од ООУ ,,Коста Рацин”- од село Подареш.

На останатите учесници на конкурсот како и на менторите на учениците, им беа доделени признанија за учество на конкурсот.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОУ Никола Карев од Радовиш го одбележа својот патронен празник

Avatar

Published

на

ОУ Никола Карев од Радовиш со пригодна програма го одбележа својот патронен празник. Беше одржана свечена академија и спортски натпревари. Исто така беа доделени и награди и признанија за освоени прво второ и трето место во спортски натпревари и во литературен конкурс, како и благодарници за успешна соработка.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовишанец извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село

Avatar

Published

на

На 24.04.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45 годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во  повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Исто така во текот на вчерашниот ден имало уште неколку пријави за физички напад.

На 24.04.2024 во 23.40 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле О.С.(29) од село Покрајчево, радовишко. Тој околу 22.30 часот во село Покрајчево учествувал во физичка пресметка со К.С.(60) од село Покрајчево, со што го нарушиле јавниот ред и мир.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 24.04.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Радовиш А.С.(36) од Радовиш пријавил дека околу 20.00 часот на ул. „Мирче Ацев“ во Радовиш бил физички нападнат од Е.Б. и Б.„Н“. и двајцата од Радовиш. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе