Радовиш
ЈЗУ Здрваствен дом, Радовиш информира дека граѓаните ќе можат да примаат вакцина против Ковид-19 и на плоштадот
Published
2 години agoна
By
Media Press
Како што информира ЈЗУ „Здравствен Дом“, Радовиш, Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ почнува со караван за вакцинација против Ковид-19, во 14 општини меѓу кои и Радовиш.
На 23 март со почеток од 10 часот караванот ќе биде во централното градско подрачје односно на плоштадот „Свети Спасо Радовишки“ (кај рибичката) во Радовиш.
„Секој кој е заинтересиран може да го посети караванот и да биде вакциниран“, апелираат од „Здравствен дом“ Радовиш.
Освен во Радовиш, караванот на 24 март од 12 до 16 часот ќе биде на плоштадот во Струмица и на 25 март од 12 до 16 часот во Ново Село (Струмица), на пазарот.
Според последните податоци од МЗ, околу 41 проценти од вкупното население во земјава е вакцинирано со две дози, а само 7 проценти со трета (бустер) доза. Имајќи предвид дека невакцинираната популација има поголем ризик од смртен исход од Ковид-19, во споредба со вакцинираните, тоа значи дека голем дел од популацијата останува незаштитена.
Покрај активностите од караванот за вакцинација кои ќе се реализираат во следните две, граѓаните имаат можност секој ден да се вакцинираат и во здравствените домови во државата.
„Инаку, статистичките податоци покажуваат дека се намалува старосната граница на заразени од коронавирус кои развиваат тешка клиничка слика на болеста. Меѓу последно евидентираните хоспитализиции и смртни случаи предизвикани од компликации на Ковид-19 во земјава има сè повеќе млади лица, кои се на удар и во најголем ризик во четвртиот бран на пандемијата, така што со овој караван целта е да апелираме до сите категории граѓани кои досега не се вакцинирале, соопштуваат од здравство.
Поврзани содржини
Караванот за вакцинација против Ковид-19, денеска е во центарот на Радовиш
Трета доза вакцина примиле над 58.000 граѓани во Македонија
Започна вакцинацијата против сезонски грип, за неризичните групи по цена од 800 денари
Ревакцинирани се 47% од полнолетните граѓани на нашата држава
Од понеделник 15 ноември започнува вакцинација против сезонски грип во Радовиш
Од денеска започнува пријавувањето за вакцината против сезонски грип
Радовиш
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите, во која се вклучија семејствата – родителите, вработените, локалната заедница.
„Тимската работа, дружење и размена на идеи секогаш дава резултати“, велат од градинката, од каде им се заблагодароват на сите оние кои се вклучија да ги разубават дворовите на Објектите, каде што престојуват нивните дечиња.
Радовиш
Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Регионална средба на библиотекари од јавни и училишни библиотеки денеска беше одржана во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш. Тема на расправа на средбата беше „Евидентирање на библиотеките од Македонија и нивно регистирање во светската библиотекарска организација ИФЛА“.
На средбата учествуваа библиотекари од југоисточниот регион, од Валандово, Богданци, струмица и Штип.
Радовиш
Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш
Published
2 дена agoна
септември 29, 2023By
Media Press
Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот.

Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о.Радовиш во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој, со финансиска поддршка од Бирото за регионален развој.


Детската градинка во Радовиш организира работилница за уредување на дворните површини во објектите

Регионална средба во ОНБ „Браќа Миладиновци“ во Радовиш

Завршена изградбата на помошен објект при Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш

Во понеделник координативен состанок на субјектите, учесници на манифестацијата “СAМУН ем ТАТЛИЈА 2023“ во Радовиш
