Connect with us

Радовиш

Доделени признанија на повеќекратни крводарители од страна на Црвен Крст- Радовиш и Општина Радовиш

Media Press

Published

на

ОО на Црвен крст од Радовиш денеска им додели признанија на повеќекратните крводарители во Општина Радовиш во знак на благодарност за нивната хуманост, со својата крв да спасат нечии живот, а по повод 17 Март – Денот на основањето на Црвениот крст и Денот на крводарителството во Република Македонија. Признанијата ги доделија градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов заедно со секретарот на ОО на Црвен Крст од Радовиш Верица Беќарова.

 Градоначалникот Ристов на доделувањето рече дека особено ја почитува оваа хумана активност и крводарителите посебно, ја поздрави оваа иницијатива за доделување на признанија на крводарителите но и потенцира дека треба да се работи на нивно мотивирање.

Секретарот на Црвен Крст во Радовиш Верица Беќарова рече дека радува фактот што во последните години расте бројот на крводарители и потенцира колку оваа драгоцена течност е значајна за граѓаните и за човештвото воопшто.  

Признанија им беа доделени на крводарители кои имаат дарувано 10, 30, 40, 50 и 60 дарувања на крв, односно на повеќекратни дарители.

Радовиш

Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Media Press

Published

на

Народното творештво отсекогаш било плодна почва за научни и теоретски истражувања од повеќе аспекти. Едно од таквите научни истражување е магистарскиот труд  „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на  М-р Александар Ицов од Радовиш, со што гајдаџиството од радовишко како  културно наследство конечно е сместено во книга.

 Во рамките на Саемот на книги кој вчера беше отворорен во ОНБ Браќа Миладиновци, беше извршена промоција на првата книга од ваков вид во Радовиш.

Промотор на овој исклучително значаен труд за радовишкото фолклорно богатство беше Проф, д-р Драган Даутовски, а свој осврт за авторто даде и Томе Постолов професор по Македонски јазик и литература.

Во својот музички настап, м-р Александар Ицов беше поддржан од професор Александар Таушанов на гитара.

Прочитај повеќе

Радовиш

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Радовиш денеска поднесе кривична пријава против К.К. (27) од Радовиш поради сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и спречување на докажување и против М.Т. (22) и О.А. (21), двајцата од радовишкото село Покрајчево, поради сомнение за разбојништво.

Како што информираат од МВР, на 9 мај годинава, во 4 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица Свети Спасо Радовишки одзеле два коверта со исплатени тикети за кои сметале дека има пари.

По тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на селото Раклиш. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана.

На 16 мај лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Media Press

Published

на

Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.

Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.

„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.

Прочитај повеќе