Радовиш
Со трогателен говор Чифлиганец се прости со Тони Танчев: Тажен момент, а сакам многу да кажам за нашиот Тони
Објавено на
Од
Media PressГолем број радовишани спортисти спортски работници и пријатели на Тони Танчев вчера за последен пат се простија на неговиот погреб во Радовиш. Еден од нив беше и проф. д-р Ванчо Чифлиганец, поранешен претседател на БК „Бучим -Јака“, од времето кога станаа европски и светки шампиони, а еден од шампионите беше иТони Танчев.

„Го испраќаме нашиот другар, пријател, борач, борец, учител, тренер, професионалец, човек со големо срце и душа, но пред се добар татко на Илија и сопруг на Снежана. И нема зборови, нема мелем со кој може да ја ублажиме тагата на неговото семејство“, рече Чифлиганец и продолжи.
„Од вчера, од кога ми ја соопштија веста за ненајдената смрт на нашиот другар, низ главата ми минуваат илјадници мисли и сеќавања, убави моменти, зборови, радости, еуфоријата која ја чувствувавме од заедничката љубов кон борењето. Сакам многу да кажам за нашиот Тони, голем човек, борец во животот, борач на струњачата со кого заедно освоивме многу спортски борачки врвови.
Целиот живот го посвети на спортот, на борењето за афирмација на сопствената држава. Ти заедно со твоите другари, спортисти ги донесовте првите златни и сребрени медали по осамостојувањето на Македонија. Никогаш нема да ги заборавиме твојата љубав кон спортот, која заедно со твоите другари, спортисти, кога сите заедно се радувавме кога станавме европски и светски шампиони, а ти беше централниот драгоцен камен во мозаикот на таа европска и светска екипа.
Драг Тони, не само што беше вистински шампион во спортот, во борењето беше и педагог, извонреден тренер освојувајќи повеќе шампионски титули под твојата палка, водејќи го напред клубот Бучим.
Драг Тони, никогаш нема да заборавиме кога заедно со твоите соборци седевме во сауната да ги намалите килограмите за да донесете драгоцени поени за Македонија и да станеме светски шампиони. Правевме се, разговаравме за се и сешто за да заборавите на жедта. Тоа беше херојска пожртвуваност само за да стане нашата мала, но храбра држава дел од Европа и од Свет“, рече Чифлиганец меѓудругото.

„Но, во тие моменти не помислувавме дека прерано ќе не напуштиш кога си најмногу потребен на сопственото семејство, синот Илија, сопругата Снежана. Од кога те паметам од 13 годишна возраст до сега најдобар другар и пријател ти беше спортот, струњачата до последниот момент воспитувајќи ги младите како можат да бидат шампиони, без да кажеш не можам не напушти нас и твоето семејство синот Илија и сопругата Снежана. Таква била судбината за сите нас, непосакувана. Тоа е животот ќе те паметиме по добри дела, по твојата голема човечност, другарство, пријателство.
За нас најтажен момент, Тони освои многу животни врвови, а се радуваше на секој како да е прв. Му верував и го сакав, а и тој мене, заради мој телефонски повик се врати од Германија и се посвети на борењето, кое стана негова животна определба, љубов и посветеност. Од балкански шампион, стана европски и светски шампион и цел живот остана на струњачата, до последен момент, до последен здив, несебично пренесувајќи го своето знаење, искуство на младите борачи кои со ширум отворени очи и уши го слушаа и учеа од тебе како да се борат во салата, но учеа и како да станат борци во животот. Целиот наш, човечки живот е борба, но во овие моменти на длабока тага сфаќаме колку е животот краток. Ми зборуваше дека се поголем е бројот и на момчиња и на девојчиња кои сакаат да научат, да се борат, да освојуваат медали, да ја претставуваат нашата татковина, да го веат македонското знаме.
Им изразувам најдлабоко сочувство на неговите Снежана и Илија, но верувајте дека сте најгордите сопруга и син, со кои имаме многу да се сеќаваме и да кажуваме каков беше нашиот Тони Танчев. Секогаш насмеан, ведар, а толку силен борач што мислевме дека ни планина да се сруши врз него нема да му биде ништо. Јас знам дека нашиот Тони не си замина, дека секогаш ќе биде со нас и ќе го слушаме неговиот глас кој ни вели борете се и гледајте само напред!
Твоето физичко заминување претставува најголема наша загуба, но ти ќе останеше засекогаш во нашите срца. Голема загуба е за сите нас, но најголема за твоето семејство, синот Илија и сопругата Снежана.
Денеска сме тажни, но гледајќи ја вечноста исполнети сме со надеж, дека Тони сега е во Божји раце. Почивај во мир драг наш Тони, и нека ти е светол патот кон вечноста“, заврши Чифлиганец.

Поврзани содржини

Во чест на една златна генерација, која му донесе на Радовиш европска титула, БИСТА НА БОРАЧИТЕ на Булевар „Александар Македонски“

Ранчиња и комплет прибор за сите првачиња во Општина Радовиш, донација од компанијата Адора инженеринг

Чифлиганец го отвори прашањето – Вучиќ нареди да се потпише договор со кој македонските и српските граѓани ќе можат да купуваат недвижен имот во двете земји

Новогодишни пакетчиња донација за Црвен крст во Радовиш, од Проф. д-р Ванчо Чифлиганец и Адора Инженеринг

Проф.д-р Ванчо Чифлиганец прогласен за Личност за 2019 година од страна на новинарите од Истокот

Драгана Д. Чифлиганец добитник на престижната награда „40 под 40“ за бизнис лидерите во Европа
Радовиш
Малолетник физички ја нападнал неговата мајка
Published
3 недели agoна
октомври 27, 2026By
Media Press
На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Радовиш
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА
Published
3 недели agoна
октомври 26, 2026By
lence
МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:
ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)
УСЛОВИ ЗА РАБОТА:
Пријатна и колегијална работна средина
Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа
3 слободни дена во неделата
Одлична / Екстра плата
Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:
078/314-801
МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.
Радовиш
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш
Published
2 месеци agoна
септември 17, 2026By
Media Press
„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.
Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.
Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.
Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.
Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Поевтинуваат горивата

ТРИБИНА ЗА КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ – вековна мисла и неизбришлив темел на македонскиот идентитет

Пензионерите од Василево добија пензионерски клуб

ФАТЕН СО АКТИВНА ЗАБРАНА: Управувал со возило спротивно на законската мерка – забрана за управување на возило!

