Connect with us

Радовиш

Радовиш изгуби голем спортист и спортски работник, почина Тони Танчев

Media Press

Објавено на

 Со ненадејна смрт, Радовиш и Македонија изгубија еден од највредните спортисти и спортски работници, борач и тренер, Тони Танчев. Тони Танчев како дел од БК „Бучим – Јака“ во 1996 година во борење стана европски и светски шампион. Тони е дел и од македонскиот документарен филм на Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец, „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“.

Во 1989 год како најмлад спортист кој имал само 17 год бил избран во десетте нај успешни спортисти во Република Македонија во сениорска конкуренција, заедно со Зоран Шоров, Пепи Манасков, Наташа Мешковска и Чедо Николовски.

Долги години беше дел од БК „Бучим“ во Радовиш каде работеше и како тренер.

Во последните години тој беше иницијатор и го отвори боречкиот клуб во Конче, каде беше и тренер на маладите борачи кои тренираа во БУЧИМ ШАМПИОНИ КОНЧЕ, кои за само две- три години забележуваа високи  резултати на натпревари.

Тони беше семеен човек и почина на 50- годишна возраст на својот последен тренинг со младите борачи од БК „Бучим Шампиони Конче“.

Погребот ќе биде извршен денеска на градските гробишта во Радовиш, во 15 часот.

Почивај во мир Тони Танчев.

Радовиш

Малолетник физички ја нападнал неговата мајка

Media Press

Published

на

На 26.10.2026 во 13:40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 16-годишен малолетник од Радовиш. Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Извршен е службен разговор во присуство на родител и службени лица од Центар за социјални работи Радовиш. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА

Avatar

Published

на

МАРТИ ХИГИЕНА СТРУМИЦА има потреба од вработување на работно место:

ХИГИЕНИЧАРКА (за територија на Општина Радовиш)

УСЛОВИ ЗА РАБОТА:

Пријатна и колегијална работна средина

Целосно обезбедени материјали и реквизити за работа

3 слободни дена во неделата

Одлична / Екстра плата

Заинтересираните кандидати можат да се информираат и аплицираат на:

078/314-801

МАРТИ ХИГИЕНА – Професионална фирма за чистење и одржување на приватни и деловни објекти.

Прочитај повеќе

Радовиш

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ самостојна изложба на уметникот Душан Коцев, во Радовиш

Media Press

Published

на

„КОПНЕЖ КОН СВЕТЛИНАТА“ 8-ма самостојна изложба на уметникот Душан Коцев од Радовиш која ќе се одржи во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш. Изложбата ќе биде отворена на 21.09 во понеделник, со почеток во 20:00 часот. Истата се организира во соработка со Центар за култура „Ацо Караманов“, Радовиш и Општина Радовиш.

Душан Коцев е сликар од Радовиш, роден 1959 година каде живее и работи. Рударски инженер кој активно 35 години работел во рудник Бучим, во моментот пензионер.

Како ликовен уметник активно работи 33 години, апстрактен експресионизам, кој претставува негов личен израз, а исто така успешно работи реализам и импресионизам.

Душан Коцев е главен иницијатор за обновувањето на Друштвото на ликовни уметници во Радовиш. Во 2014 година е избран за претседател на „Рада ДЛУР“ – Радовиш.

Како претседател на друштвото досега органзирал 11 меѓународни ликовни колонии во Радовиш од кои произлегле бројни ликовни дела.

Прочитај повеќе