Радовиш
Се преврте трактор на шумски пат во атарот на радовишкото село Козбунар, почина сопатник од Радовиш
Published
12 месеци agoна
By
Media PressСедумдесет и тригодишниот К.Л. од село Штурово, радовишко, вчера управувајќи трактор „ИМТ“ со приколка на земјен шумски пат во атарот на радовишкото село Козбунар, изгубил контрола и излетал од патот.
Случајот бил пријавен вчера околу 11.00 часот во Полициската станица, Радовиш.
Од здобиените повреди, сопатникот Ј.А.(73) од Радовиш починал на местото, а смрт констатирал лекар од Здравствен дом Радовиш, додека возачот Л.К., поради здобиените повреди бил пренесен на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.
Поврзани содржини
На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината
Ристов: Старата Стоковна куќа во Радовиш добива ново име и нова функција
Во сабота, во Радовиш, добротворен маратон под мотото “Маратон за Сандра”
Радовишките крводарители пример за хуманост и солидарност
Нарушен јавниот ред и мир во село Подареш, со физичка пресметка помеѓу три лица
Спортската сала во Радовиш доби нов ЛЕД екран, за повеќе намени
Радовиш
Ценовник за ППР за Претседателски избори 2024, на Медиапресс сервис (mediapress.mk)
Published
18 минути agoна
март 29, 2024By
Media PressЦеновник за платено политичко рекламирање (Претседателски избори 2024) за избори за Претседател на Република Северна Македонија во 2024 година, Трговско друштво за продукција и дистрибуција на мултимедијални содржини Медиапресс сервис ДООЕЛ, Радовиш.
Радовиш
Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media PressГрадоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.
„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.
Радовиш
Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш
Published
2 дена agoна
март 27, 2024By
Media PressБидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.
Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.
Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.
Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.