Connect with us

Радовиш

Женска акција со поддршка на осмомартовскиот марш „Сиромаштијата има женско лице“

Media Press

Published

на

На овој 8 Март, односно утре, ќе се маршира за женската сиромаштија, која се продлабочи со пандемијата на ковид-19 и сите последици.  Здружението „Женска акција“ од Радовиш и Рурална коалиција како партнер на земјоделските и други здруженија, задно ќе маршираат и на овогодишниот марш насловен „Сиромаштијата има женско лице“.

Маршот ќе се одржи во вторник, во 12 часот, од пред Владата и ќе продолжи до Паркот Жена Борец, се вели во соопштението на Платформата за родова еднаквост. 

„На 8 Март, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, но свесни за секојдневните системски недостатоци кои го загрозуваат нашето постоење како слободни, еднакви, достоинствени и безбедни, оваа година маршираме под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“. Овој 8 Март го одбележува женската сиромаштија, овозможена од системот, а продлабочена како резултат на двегодишната пандемија со ковид-19 и нејзините последици.
Со почеток во 12 часот, на овој марш, заеднички ќе упатиме порака дека и покрај тоа што ние жените сме еднаква половина од населението во државата, сѐ уште не уживаме еднаквост во речиси ниту еден аспект од нашите животи, на работа или дома, во политиката и социјалниот живот.
Маршираме бидејќи држава во која жените не се вклучени како еднакви, е држава во која нема напредок. Општество во кое жените се невработени и преработени, незаштитени, виктимизирани, објективизирани и лишени од своите права, сиромашно општество“, се вели во соопштението на Платформата за родова еднаквост. 

.

Радовиш

Промоција на трудот „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на авторот М-р Александар Ицов

Media Press

Published

на

Народното творештво отсекогаш било плодна почва за научни и теоретски истражувања од повеќе аспекти. Едно од таквите научни истражување е магистарскиот труд  „ГАЈДАРСКАТА ТРАДИЦИЈА ВО РАДОВИШКО“ на  М-р Александар Ицов од Радовиш, со што гајдаџиството од радовишко како  културно наследство конечно е сместено во книга.

 Во рамките на Саемот на книги кој вчера беше отворорен во ОНБ Браќа Миладиновци, беше извршена промоција на првата книга од ваков вид во Радовиш.

Промотор на овој исклучително значаен труд за радовишкото фолклорно богатство беше Проф, д-р Драган Даутовски, а свој осврт за авторто даде и Томе Постолов професор по Македонски јазик и литература.

Во својот музички настап, м-р Александар Ицов беше поддржан од професор Александар Таушанов на гитара.

Прочитај повеќе

Радовиш

Расчистено разбојништво во Радовиш, наместо пари од казино украле коверти со исплатени тикети

Media Press

Published

на

Одделението за внатрешни работи Радовиш денеска поднесе кривична пријава против К.К. (27) од Радовиш поради сомнение дека сторил кривични дела разбојништво и спречување на докажување и против М.Т. (22) и О.А. (21), двајцата од радовишкото село Покрајчево, поради сомнение за разбојништво.

Како што информираат од МВР, на 9 мај годинава, во 4 часот, М.Т. и О.А. со закана со пиштол и нож кон вработени во казино на улица Свети Спасо Радовишки одзеле два коверта со исплатени тикети за кои сметале дека има пари.

По тоа, К.К. ги фрлил предметите со кое било извршено делото во канал во близина на селото Раклиш. По преземени мерки, полициски службеници од ОВР Радовиш ги пронашле предметите. Исто така, при претрес во домот во кој М.Т. живее под наем, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и две дробилки со остатоци од марихуана.

На 16 мај лицата биле лишени од слобода и во службен разговор со полициски службеници го признале делото. Во текот на денот тие ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Прочитај повеќе

Радовиш

Околу 300 дечиња од ДГ„ Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на големата завршна приредба

Media Press

Published

на

Околу 300 дечиња од ДГ „Ацо Караманов“ од Радовиш се подготвуваат за одржување на завршната приредба која традиционачно секој година се одржува по повод испраќањето на идните првачиња во прво одделение.

Овие денови односно на 16 и 18 мај се одржуваат генерланите проби за дечињата подготвени да се претстават пред своите родители и роднини.

„Завршната приредба ќе се одржи во четврток на 19 мај, со што на свечен начин околу 170 дечиња ќе бидат испратени во прво одделение“ рече диркеторката на градинката Љупка Тренчева, која активно беше вклучена во подготовките и генералните проби.

Прочитај повеќе