Connect with us

Радовиш

ОТКОРНАТИ И УКРАДЕНИ ЦВЕЌИЊА од жардињерите во Радовиш

Avatar

Published

на

Во Петокот на 4 Март 2022 година ЈП”Плаваја” започна со пролетно садење на цвеќиња во жардињерите на булеварот и низ други јавни површини во Радовиш, кои се предвидени со Програмата за паркови и зеленило.

„И наместо сите да се радуваме во убавата глетка и цвеќињата кои ја најавуваат пролетта, да уживаме во нивните бои и природата која се буди, останавме занемени од сликата што ја затекнавме денес: СИТЕ ЦВЕЌИЊА ОТКОРНАТИ И УКРАДЕНИ“, реагираат од ЈП Плаваја, Радовиш.

„Жална слика која само ја отсликува нашата антикултура и антисоцијални навики. Вандалите не уништуваат само урбана опрема, тие почнаа да крадат и цвеќиња со кои се оплеменува урбаната средина.

Наместо да се грижат за цвеќињата, тие се украдени, ги нема во блиската околина и најверојатно украсуваат нечии прозорци или тераси. Дали вреди да се трудиме од семка да произведеме цвеќиња, а некој да ги краде?

Да вреди, бидејќи имаме мисија Радовиш да биде урбана средина, Радовиш да биде културен град со луѓе кои ја почитуваат животната средина и затоа ќе продолжиме да го оплеменуваме просторот бидејќи тоа им го должиме на младите генерации, да ги воспитуваме да почитуваат и да ја чуваат урбаната средина тука во Радовиш, а не да се радуваат на фотографии покрај жардињери со цвеќиња од соседните градови или од странство.

Се надеваме дека ова ќе биде последен пат и дека сите што ги приметивте како крадат цвеќиња ќе продолжите да ги пријавувате и да ни испраќате фотографии“ велат од ЈП Плаваја по повод овој немил настан.

прикажи повеќе
Advertisement

Радовиш

Во завршна фаза е изградбата на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш

Avatar

Published

на

Градоначалникот на Општина Радовиш Ацо Ристов денеска изврши увид во градежните работи кои се во завршна фаза за изградба на помошниот терен со вештачка трева на Градскиот стадион во Радовиш каде што веќе се поставува вештачката трева, а претходно беше поставена и дренажа.

„По завршување на градежните работи на помошниот терен ќе се продолжи со изградба и реконструкција на главниот терен на фудбалскиот стадион во Радовиш. На теренот ќе биде поставена нова дренажа со нов електронски систем за наводнување и нова тревна подлога“, информираат од Општина Радовиш.

Прочитај повеќе

Радовиш

Tрибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, ќе се одржи во Радовиш

Avatar

Published

на

Бидејќи децата се идните креатори на општеството, од круцијално значење е тие да израснат во ментално здрави личности. А поради порастот на насилства во училиштата, потребата за отворено зборување на оваа тема е се почеста и попотребна.

Токму затоа педагозите од основните училишта од општина Радовиш и Конче ќе одржат трибина за Превенција на насилно однесување во основните училишта, се со цел да се потенцираат последиците од насилните однесувања во училиштата, како и начините за справување со истите.

Свое излагање ќе имаат самите педагози и психолози, представници од ОВР Радовиш и Др.Сања Васовиќ-семеен психотерапевт и специјализант на психијатрија, трибината ќе биде од отворен карактер за сите наставници, родители, старатели и ученици.

Трибината ќе се одржи во Музејот на љубовта и уметноста на 28 март во 18ч.

Прочитај повеќе

Радовиш

На подрачјето на Радовиш, санкции за 24 возачи за прекршувања на брзината

Avatar

Published

на

На 24.03.2024 во времето до 14.00 до 20.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената. Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово. Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

Прочитај повеќе