Connect with us

Македонија

Се укинуваат сертификатите за влез во моловите, за маските во училиштата не било дискутирано

Media Press

Published

на

Укинување на сертификатите задолжителни за влез во моловите, односно онаму каде што не е задолжително носење маски, препорача Комисијата за заразни болести, за што информираа на вчерашната прес конференција.

– Донесовме еден заклучок, а тоа е да се препорача укинување на сертификатите задолжителни за присуство на моловите, односно каде не е задолжително носење маски. Ова е еден чекор во насока на олеснување на рестрикциите, но секако за следнитот развој ќе бидеме многу внимателни, бидејќи не сакаме со нагло отфрлање на сите мерки да постигнеме неочекувани резултати, рече на прес-конференцијата по состанокот, претседателот на Комисијата Александар Петличковски.

Од Комисијата за заразни болести посочија и дека од денеска почнува кампања за закажување термини за сите оние кои имаат нецелосна вакцинација, односно тие што немаат примено бустер доза, а спаѓаат во ризичните групи.

– Ризични групи граѓани, односно оние кои имаат над 65 години и имаат коморбидитети или помлади од 65, а имаат повеќе коморбидитети. Ќе им стигне СМС порака која ќе ги извести дека треба во точно одреден термин да го посетат пунктот за да бидат вакцинирани, информираат од Комисијата.

 Доктор Злате Мехмедовиќ  рече дека во наредниот период ќе се донесуваат и други релаксирани мерки многу внимателно согласно епидемиолошката состојба.

Околу задолжителното носење на маски во училиштата како што кажа, не било дискутироно на редовниот состанок на Комисијата за заразни болести.

Македонија

Платите во образование од септември ќе бидат зголемени во просек од над 3.500 денари

Media Press

Published

на

Дијалогот помеѓу Владата и Синдикатот за образование, наука и култура успешно заврши. Постигнат е договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15 отсто, од септември оваа година, односно зголемување во просек од над 3.500 денари, во време на најголема светска економска криза, информираат од СДСМ.

„Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.
До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.
Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки.  Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција“, вели премиерот Ковачевски во својата објава на социјалните мрежи.

Тој апелираше до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените услови и одговорност, за да можат надлежните институции да продолжат со потребните активности за реализација на покачувањето

Прочитај повеќе

Македонија

Дијалогот со СОНК продолжува договорена следна средба на 17 мај

Media Press

Published

на

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вчера оствари средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на која присуствуваа и претставници на синдикатот и Министерството за труд и социјална политика.

На средбата како што информираат од МТСП се разговарало за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не бело отворена дискусија.
Исто така, се отворило и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.
На состанокот било договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договорила следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.
Страните разговарале и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни.
„Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување“, вели министерката Тренчевска.

Прочитај повеќе

Македонија

Македонската претставничка Андреа Коевска не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг

Media Press

Published

на

Македонската претставничка на Евровизија 2022 Андреа Коевска не успеа да се пласира во финалето по настапот синоќа на евровизиската сцена во Торино.

Во второто полуфинале на Евровизија 2022 настапија 18 земји а само десет се изборија за место во финалето.

Македонската претставничка ја испеа „Circles“ во рамките на втората полуфинална вечер, но за жал не успеа да се избори за пласман во големото финале на Евросонг во Торино и се враќа дома.

Андреа настапи под реден број 11 и ја претставуваше Македонија.

Нејзиното учество беше неизвесно откако таа случајно или не, го фрли знамето на тиркизниот килим на отворањето на Евровизија за да се фотографира без него. Тоа предизвика лавина негативни коментари и осуда од јавноста, но и од Македонската Радио Телевизија.

Прочитај повеќе