Connect with us

Радовиш

ЈП Плаваја набави нов камион за собирање на отпад, за подобрување на услугите на граѓаните

Avatar

Published

на

За почиста Општина Радовиш ЈП Плаваја набави нов камион за собирање на отпад,  од сопствени средства. Директорот на ЈП Плаваја Дејан Крстев заедно со градоначалникот Ацо Ристов денеска извршија промоција и пуштање во употреба на новото возило за собирање на смет.

„Во претходните години ЈП Плаваја  набави повеќе возила за поквалитетна услуги на граѓаните.  Во моментот располага со три возила за смет, но имат потреба за уште едно, за што се надеваат дека во најскоро време ќе го обијат од држават со изградбата на регионалната депонија“, изјави директорот на ЈП Плаваја Дејан Крстев. 

ЈП Плаваја набави и ново возило за погребални услуги три нови машини за ископ, половен булдожер и возило за собирање на отпад од рудникот Бучим, возила за превоз на патници и други возила.

Градоначалникот Ацо Ристов рече дека како општина ќе продолжат да го подржуваат ЈП Плаваја во секој поглед, заеднички ќе делуваат и на подигање на свеста на граѓаните во однос на комуналната хигиена. Тие се во координација со ЈП Плаваја на дневна основа. Градоначалникот Ристов најави  решавање на акумулираните проблеми, како и пролетни активности за разубавување на градот.

Радовиш

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш го одбележа Меѓународниот ден на книгата и авторското право

Avatar

Published

на

Општинска народна библиотека ,,Браќа Миладиновци” – Радовиш го одбележа Меѓународниот ден на книгата и авторското право.

Одбележувањето беше со објавување на резултатите од традиционалниот награден конкурс за ученици од основно образование на тема: ,,Книгата и знаењето – цел универзум” што библиотеката го распиша по повод овој Меѓународен ден.

Во рамките на ова, за најдобра песна беше прогласена творбата на ученичката Јована Ѓоргиева од ПОУ ,,Орце Николов” од село Злеово. За второ наградена песна беше песната на ученикот Ѓорге Газепов од ООУ ,,Крсте Петков – Мисирков” од Радовиш. а третопласирана беше творбата на ученичката Данче Митковска од ООУ ,,Коста Рацин”- од село Подареш.

На останатите учесници на конкурсот како и на менторите на учениците, им беа доделени признанија за учество на конкурсот.

Прочитај повеќе

Радовиш

ОУ Никола Карев од Радовиш го одбележа својот патронен празник

Avatar

Published

на

ОУ Никола Карев од Радовиш со пригодна програма го одбележа својот патронен празник. Беше одржана свечена академија и спортски натпревари. Исто така беа доделени и награди и признанија за освоени прво второ и трето место во спортски натпревари и во литературен конкурс, како и благодарници за успешна соработка.

Прочитај повеќе

Радовиш

Радовишанец извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село

Avatar

Published

на

На 24.04.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45 годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во  повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Исто така во текот на вчерашниот ден имало уште неколку пријави за физички напад.

На 24.04.2024 во 23.40 часот полициски службеници од Полициската станица Радовиш го привеле О.С.(29) од село Покрајчево, радовишко. Тој околу 22.30 часот во село Покрајчево учествувал во физичка пресметка со К.С.(60) од село Покрајчево, со што го нарушиле јавниот ред и мир.  Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 24.04.2024 во 21.15 часот во Полициската станица Радовиш А.С.(36) од Радовиш пријавил дека околу 20.00 часот на ул. „Мирче Ацев“ во Радовиш бил физички нападнат од Е.Б. и Б.„Н“. и двајцата од Радовиш. По целосно расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај повеќе