Донесена Одлука со која се определува највисоката трговска маржа на основните прехранбени производи
Владата на вчерашната седница донесе Одлука со која се определува највисоката трговска маржа до 5% на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10% на продажната цена во трговија на мало како посебен услов во трговијата
„Оваа мерка се однесува на леб; шеќер;сол;брашно –
тип 400; сурово сончогледово масло и сончогледово масло за јадење; трајно млеко
со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%; свежо месо и сувомеснати производи; сирење и
урда; ориз; јајца;тестенини; пченица; и овошје и зеленчук“ соопшти министерот
за економија Крешник Бектеши на
прес-конференција.
„Со оглед на информациите и анализите на терен дека
трошоците на производителите на основни прехранбени производи растат, оваа
одлука има за цел да се ограничат тровците да прават профит на грбот на
граѓаните и на производителлите. Со оваа одлука се контролира растот на цените
на основните прехранбени производи да
нема значајно влијание врз потрошувачката на граѓаните со оглед на тоа што од 1
март престанува да важи одлуката за највиски (замрзнати) цени на основните прехранбени
производи„ кажа министерот Бектеши
Министерот додаде дека кај трговците на мало во
вкупниот износ на трговската маржа до 10% се вклучени рабатот и надоместоците
кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за
примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови односно
полици.
„Оваа Одлука ќе се применува од 1 март 2022 година до
31 мај 2022 година, заради потребата да се органичи растот на цените во
следните три месеци. Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука
следуваат и глоби
„Глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска
противвредност за микро трговец, глоба во износ од 1.600 до 2.000 евра во
денарска противвредност за мал трговец, глоба во износ од 3.000 до 6000 евра во
денарска противвредност за среден трговец,глоба во износ од 7.000 до 10.000
евра во денарска противвредност за голем трговец“ кажа министерот.
Тој потенцираше дека во наредниот период Државниот
пазарен инспекторат ќе излезе на терен со засилени контроли кај трговците, а
граѓаните кои ќе утврдат драстично зголемени цени на основните прехранбени
производи да пријават на бесплатниот телефонски број на ДПИ 191